Мариовци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 13:
 
== Јазик ==
[[File:КитењеПразнична натрпеза свадбено- знаме-ВепрчаниМариово.jpg|thumb|мини|десно|КитењеМариовци на свадбенопразнична знаме во с.[[Вепрчани]]трпеза]]
Мариовците го зборуваат [[Македонски јазик|македонскиот јазик]]. Говорот во Мариово претставува преод помеѓу централната група на западното наречје и источната група на источното и јужното наречје, односно тој е премин помеѓу [[Брсјаци|брсјачкиот]] [[Прилепско-битолски дијалект]] кој се зборува во полето на [[Пелагонија]] и говорите во [[Тиквеш]]ко, поради што тој го сочинува засебниот [[Тиквешко-мариовски дијалект]]. Зборувањето во Мариово многу наликува на прилепскиот говор односно македонскиот литературен јазик со изразити црти како доста зборови и изговор како кавадаречкиот говор.
 
==Одлики и особини==
 
[[File:Празнична трпеза - Мариово.jpg|thumb|мини|десно|Мариовци на празнична трпеза]]
Во Мариово отсекогаш во минатото па сѐ до денес живееле само православни Македонци. За време на Отоманската Империја и за разлика од сите околни и соседни области како Меглен, Тиквеш во Мариово немало ниту исламизација на населението, ниту пак воопшто имало населување на турско и муслиманско население. Поради природно-географските одлики и местоположбата како и заради општествено-управните услови во минатото жителите на Мариово развиле посебни душевни карактеристики и однесување кое ги разликувало и одликувало од сите останати околни жители во Македонија. Имено, послободниот живот во одалечен и позафрлен планински крај подалеку од турските насилства и несигурности, кај мариовците развиле дух и одлики на слободољубивост, борбеност, храброст, непокорливост, јунаштво, бунтовност. Ваквиот живот ослободен растоварен од несреќи, непогоди, насилства придонел да се развие прилично весел дух и расположение кај мариовците кои се надалеку познати по својата шегобијност и хумор, за што се сведоштво големиот број шегобијни народни приказни за [[Итар Пејо]] мариовецот, шеги, досетки и вицови. Истовремено суровите планински услови придонеле мариовците да се одликуваат и со голема итрина, снаодливост, издржливост и мудрост.