Јужноафриканска Република: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с all info is now kept in wikidata, removed: {{Link FA|af}} {{Link FA|de}} {{Link FA|eo}} {{Link FA|fi}} using AWB (11720)
Ред 1:
:''ЈАР пренасочува тука. За други значења видете [[ЈАР (појаснување)]].''
:''Јужна Африка пренасочува тука. За регионот видете [[Јужна Африка (регион)]]. За други значења, видете [[Јужна Африка (појаснување)]].''
 
{{Инфокутија за држава
Ред 89:
{{main|Историја на Јужноафриканската Република}}
[[Податотека:SouthAfrica1885 mk.svg|thumb|left|200px|Карта на политичката поделба на регионот Јужна Африка во 1885 година.]]
Територијата на денешната Јужноафриканска Република била населена уште од најраните времиња. Во оваа земја денеска се наоѓа еден од најстарите археолошки локалитети на светот.<ref>{{Цитирана книга|last=Wymer|first=John|coauthor=Singer, R|year=1982|title=The Middle Stone Age at Klasies River Mouth in South Africa|location=Chicago|publisher=University of Chicago Press|isbn=0226761037}}</ref><ref>{{цитирана веб страница|title=Guide to Klasies River|page=11|year=2001|url=http://academic.sun.ac.za/archaeology/KRguide2001.PDF|author=Deacon, HJ|publisher=Stellenbosch University|accessdate=2009-09-05}}</ref><ref>{{цитирана веб страница|url=http://whc.unesco.org/en/list/915|title=Fossil Hominid Sites of Sterkfontein, Swartkrans, Kromdraai, and Environs }}</ref> Остатоци од австралопитек (Australopithecus africanus) биле пронајдени кај [[Таунг]] и во пештерите [[Стеркфонтејн]], [[Кромдраи]] и [[Макапансгат]], од кое произлегува дека овде имало живот пред околу 3 милиони години. <ref>{{цитирана веб страница|url=http://www.yale.edu/ynhti/curriculum/units/1979/6/79.06.02.x.html|title=Hominid Evolution|publisher=Yale-New Haven Teachers Institute|author=Stephen P. Broker|accessdate=2008-06-19}}</ref> Во времето на миграциите си, племето [[Банту]] ја преминале реката Лимпопо и ја населиле територијата на денешната држава. Главно занимање на населението било земјоделството и сточарството. Племињата кои претходно живееле на овие простори околу 20.000 години биле или протерани или асимилирани.
 
Во [[1487]] година, португалецот [[Бартоломео Дијас]] бил првиот европеец кој престигнал на ова подрачје. Во [[1497]] година, [[Васко де Гама]] пловел околу територијата на земјата, покрај [[Јужна Африка]] кон својот пат за [[Индија]]. Областа на исток од земјата ја нарекол ''Натал'', бидејќи неговата експедиција овде престојувала за време на [[Божик]]. Сепак почетокот на новата историја на [[Јужна Африка]] денеска се препишува на [[калвинизам|калвинистот]] [[Јан ван Рибек]]. На [[6 април]] [[1652]] година, по налог на Холандската источноиндиска компанија тој основал станица за снабдување на бродови. Благодарение на својата стратегиска позиција, таа станица би требало да служи за одмор на трговските бродови кои патувале од [[Европа]] кон [[југоисточна Азија]]. Кон втората половина на [[17 век]] и почетокот на [[18 век]], таа холандиска станица односно населено место започнала да се зголемува. Во почетокот, населувачите се распространувале во регионот на [[Весткап]]. Во [[1770]] година истите престигнале до границата со племето банту, со кое започнала редица од војни. [[Холандија]] довеле голеа број на робови од [[Индонезија]], [[Мадагаскар]] и [[Индија]]. Во почетокот на [[1743]] година, бројот на т.н. црни робови бил значително поголем од бројот на местното население кое се населило на овие простори. Со текот на времето, наследниците на црните робови често пати се жениле со белите дојденци. Така, денеска заедно со бушманите тие сочинуваат 50% од вкупното население на Западната Капска покраина.
Ред 153:
Најстарите уметнички предмети се откриени во пештера во Јужна Африка. Тоа се мали школки во форма на полжав кои се нижеле на конец и служеле како ѓердан, а датираат од пред 75 000 години. Јужна Африка е лулка на човековиот род. Една карактеристика на нашиот род е уметноста ( потекнува од латинскиот збор ‘ars’ со значење изработена или составена од основен материјал ).
 
Распрснатите племиња на Коисан етничката група, која се населила во Јужна Африка 10 000 години п.н.е, имаат свој сопствен уметнички стил претставен на мноштвото цртежи во пештерите. Овие цртежи биле заменети со јазични уметнички форми на Банту етничката група. Во дваесеттиот век, традиционалните племенски уметнички форми биле заменети и повторно соединети со политиките на апартхејдот.
 
Нови уметнички форми се создале во рудниците и областите, динамична уметност која е претставена од пластични ленти до спица од велосипед. Уште од 1850-тите години, холандската народна уметност, која влијаела врз африканските Трекбоерс ( Trekboers ) и урбаните бели артисти сериозно ја следеле промената на европските традиции , воедно и придонеле за оваа еклектична мешавина која и ден денес се развива.
 
 
=== Архитектура ===
Ред 170 ⟶ 169:
=== Литература ===
 
Од единствената социјална и политичка историја на Јужна Африка се родила група на писатели од локалната средина кои пишуваат за деновите на апартхејдот па се за животите на луѓето во „ новата Јужна Африка “.
 
Првите црни писатели на Јужна Африка се мисионерски образовани, а пишувале на англиски или африкански. Мhudi е првиот добро познат роман напишан од Соломон Текисо Платје во 1930 година на африкански јазик.
Ред 189 ⟶ 188:
 
=== Кино ===
 
 
Додека многу странски филмови се продуцирани за Јужна Африка ( најчесто во нив станува збор за расни односи ), неколку локални продукции се познати надвор од границте на Јужна Африка. Исклучок е филмот од 1980 година, Боговите мора да се луди, поставен во Калахари . Станува збор за тоа како животот на една традиционална заедница на Бушманите се менува кога шише од кока кола било фрлено од авион. Покојниот Џејми Јуис , кој го напишал и режирал филмот Боговите мора да се луди , а во 1970-тите години се здобил со успех во прекуокеанските земји со неговите филмови Смешни луѓе 1 и 2 , слични на Тв серијалот Скриена камера во САД. Во истиот жанр спаѓа и филмот на Леон Шустер, Мора да се шегувате! кој е доста познат меѓу Јужноафриканците.
Ред 196 ⟶ 194:
 
== Образование ==
 
 
Образованието трае 12 години, од прво одделение до дванаесетто одделение. Одделението Р се смета за предшколство. Основното образование е во времетраење од седум години. Средното образование е во времетраење од пет години. Матурата се изведува на крај од дванаесеттото одделение и е потребна за високите студии на универзитетот во Јужна Африка.
 
Државните универзитети во Јужна Африка се поделени на три групи: традиционални универзитети, на кои се добиваат теоретски ориентирани универзитетски дипломи, универзитети за технологија, на кои се добиваат стручни дипломи и универзитети на кои се добиваат и двата вида на дипломи. Во јавните институции се зборува англиски, но и африканскиот јазик се употребува. Постојат голем број на образовни институции , некои од нив се локални кампуси на странски универзитети, некои држат предавања за студенти кои подготвуваат испити за универзитетот во Јужна Африка, а некои пак нудат дипломи кои се признати или непризнати.
 
Во 2002 година, јавните расходи за образование изнесуваа 5,4 % од БДП.
Ред 220 ⟶ 217:
Најпопуларни спортови во Јужна Африка се фудбал, рагби и крикет. Преостанати спортови кои се поддржуваат се пливање, атлетика, голф, бокс, тенис и нетбол. Иако младите најмногу играат фудбал, интересот за кошарка, сурфање и скејбординг станува се поголем.
 
Меѓу познатите боксери спаѓаат Џејкоб Матлата, Вујани Бунгу, Велком Нцита, Динган Тобела, Гери Кеце и Брајан Мичел. Во големите светски фудбалски клубови играле Лукас Радебе и Филемон Масинга ( во ФК Лидс Јунајтед ) , Кинтон Форчун ( Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед ), Бени Меккарти ( Ајакс Амстердам, ФК Порто, Блекбурн Роверс и Вест Хем Јунајтед ), Арон Мокена (Ајакс Амстердам, Блекбурн Роверс и Портсмут ), Делрон Бакли ( Борусија Дортмунд ) и Стив Пинар (Ајакс Амстердам и Евертон ). Џорди Смит со победата во 2010 година стана сурфер број 1 во светот. Светскиот шампион во формула еден од 1979 година е Џоди Шектер. Познати крикет играчи се: Хершел Гибс, Греме Смит, Џек Калис ЈП Думини и други. Повеќето од нив учестуваат во Индијанската премиер лига.
 
Светски познати рагби играчи од Јужна Африка се Франсоа Пинар, Џуст ван дер Вестујзен, Дани Кравен, Фрик ду През, Нас Бота и Брајан Хабана. Во 1995 година , Јужна Африка беше домаќин и го освои светското рагби првенство, а во 2007 година го освои првенствоот во Франција. Во 1996 година, Јужна Африка беше домаќин на Африканското првенство на нации, каде националниот тим го освои турнирот. Во 2003 година, Јужна Африка беше домаќин на Светското првенство во крикет, потоа во 2007 година за Светскиот шампионат Twenty20, а во 2010 година за прв пат во Јужна Африка се одржа ФИФА Светското првенство . Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер бил презадоволен од гостопримството на Јужна Африка за кое големи пофалби.
Ред 234 ⟶ 231:
 
== Надворешни врски ==
 
 
{{ЈАР-покраини}}
Ред 241 ⟶ 237:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Јужноафриканска Република| ]]
[[Категорија:Држави во Јужна Африка]]
[[Категорија:Поранешни колонии на Британија]]
 
{{Link FA|af}}
{{Link FA|de}}
{{Link FA|eo}}
{{Link FA|fi}}