Нобелова награда: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 99:
Махатма Ганди бил нoминиран пет пати за Нобелова награда за мир помеѓу 1937 и 1948 година, но тој никогаш не примил награда затоа што бил убиен на 30 јануари во 1948 година, два дена пред крајниот датум за примање на номинации за наградата за мир за 1948 година. Норвешкиот Нобелов комитет најверојатно планирал да му ја додели наградата за мир во 1948 година во вид на постхумна награда, но на крајот одлучиле да не го направат тоа и наместо тоа одлучиле да не ја доделат наградата таа година.
 
Уште една причина за контроверзии е строгото правило наградата да не се доделува на повеќе од три лица во исто време. Кога една награда се доделува како признание за некакво достигнување остварено од тим кој се состои од повеќе од три соработника, неизбежно е еден или повеќе од нив да биде испуштен. На пример, во 2002 година една награда е доделена на Коичи Танака и Џон Фен за развивањето на масовната спектрометрија во протеинската хемија, и со оваа награда не биле признаени достигнувањата на Франц Хиленкамп и Мајкл Карас од ''Институтот за физичка и теоретска хемијa'' на универзитетот во Франкфурт. Уште еден добро познат пропуст бил забележен кај Нобеловата награда за физика во 1965 година која им била доделена на Ричард Ф. Фејнмен, Џулијан С. Швингер и Син–ИтироШиничиро Томонага, но со која не биле признаени придонесите на Фримен Ц.Дајсон кој ја покажал еквивалентноста на формулите на квантната електродинамика на другите тројца научници.
 
Слично на тоа, со одлуката за забрана за постхумно доделување на наградите не се признаваат достигнувањата на некој соработник кој може да почине пред да ја прими наградата. Розалинд Френклин, која имала клучна улога во откривањето на структурата на ДНА во 1953 година, починала од рак на јајникот во 1958 година, четири години пред Франсис Крик, Џејмс Д.Вотсон и Морис Вилкинс( еден од соработниците на Франклин) да бидат наградени со наградата за медицина или физиологија во 1962 година. Значајниот и релевантен придонес на Френклин бил само накратко спомнат во денес познатиот документ на Крик и Вотсон: "Ние исто така бевме поттикнати од знаењето на општата природа на необјавените експериментални резултати и идеи на д-р М.Х.Ф. Вилкинс, д-р Р.Е. Френклин и други соработници... "