Нобелова награда: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 23:
 
 
== Церемониja’ ==
== '''Церемониja''' ==
 
Со исклучок на Нобеловата награда за мир, сите други Нобелови награди и наградата за економија се врачуваат во Стокхолм, Шведска, на годишната церемонија за доделување на наградите која се одржува на 10 декември, годишнина од смртта на Алфред Нобел. Предавањата на оние кои треба да ја примат наградата се одржуваат неколку дена пред церемонијата за доделување на наградите. Нобеловата награда за мир и предавањата на оние кои треба да ја примат наградата се одржуваат на годишната церемонија за доделување на наградите во Осло, Норвешка, на 10 декември. Причината зошто и Норвешка доделува дел од наградата е тоа што во времето на смртта на Алфред Нобел, Норвешка и Шведска биле заеднички здружени во нивна приватна унија која била позната како Шведско-норвешка унија. Церемониите за доделување на наградата, како и банкетите кои се поврзани со овие церемонии, денес претставуваат главни меѓународни настани.
 
== '''Тестаментот на Алфред Нобел'''Нобел’ ==
 
Пет Нобелови награди биле воведени според крајниот тестамент на Алфред Нобел, шведски хемичар и индустријалист, кој бил пронаоѓач на високо-експлозивниот динамит. Иако Нобел напишал неколку тестаменти за време на неговиот живот, неговиот последен тестамент бил напишан нешто повеќе од една година пред неговата смрт, а бил потпишан во Шведско-норвешкиот клуб во Париз на 27 ноември 1895 година. Нобел оставил во наследство 94% од неговите вкупни средства, 31 милион шведски круни за да се основаат и потпомогнат петте Нобелови награди. (Почнувајќи од 2008 година тоа е еднакво на 186 милиони американски долари.)
Ред 41:
Иако со тестаментот на Нобел биле основани наградите, неговиот план бил некомплетен и поради најразлични други пречки потребни биле пет години за да се оформи Нобеловата задолжбина и да се доделат првите награди во 1901 година.
 
== '''Номинирање и избор'''избор’ ==
 
Споредено со некои други награди, постапката за номинирање и избор за Нобелова награда е долга и ригорозна. Ова е главната причина зошто наградите станаа се позначајни со текот на годините, дотолку што тие сега се најважните награди во нивните области.
Ред 58:
Постхумни номинации не се дозволени, а наградата може да биде валидна само ако лицето починало во месеците помеѓу номинирањето и донесувањето на одлуката од страна на комитетот за доделување на наградите. Ваква ситуација се повторила два пати: во 1931 година кај наградата за литература на Ерик Аксел Карлфелт и во 1961 година кај наградата за мир на Генералниот секретар на ООН, Даг Хамаршелд. Од 1974 година важи правилото дека лауреатите мора да бидат живи за време на октомвриското објавување. Постои еден лауреат, Вилијам Викр (1996 година, за економија), кој починал после објавувањето на наградата, но пред да може да му биде врачена.
 
=== '''Признание за временско задоцнување'''задоцнување’ ===
 
Нобеловиот тестамент налага наградите да бидат деделени како признание за откритија кои се направени "за време на претходната година", и во првите години од наградите признаените откритија биле неодамнешни. Сепак, некои од наградите биле доделени за откритија кои подоцна биле дискредитирани. Сметајќи го дискредитирањето на признаените откритија како срам, комитетите одговорни за наградите започнале да ги признаваат оние научни откритија кои го издржале тестот на времето, со што одат против тестаментот.
Ред 66:
Наградите во научните области на физиката и хемијата бараат значајноста на признените достигнувања да биде "тестирана од времето." Ова практично значи дека периодот на задоцнување од откривањето на некој пронајдок до неговото наградување е најчесто околу 20 години или уште подолг. На пример, Субраманијан Чандрасекар ја поделил Нобеловата награда за физика во 1983 година за неговото работење на ѕвездената структура и еволуција од 1930 година. За жал, сите научници не живеат доволно долго за да го дочекаат признавањето на нивното дело. Некои значајни научни откритија никогаш не биле земени предвид да бидат наградени затоа што нивните пронаоѓачи починале пред влијанието на нивното работење да стане реално.
 
== '''Церемонии за доделување на наградите'''наградите’ ==
 
Комитетите и институциите кои служат во одборите за избирање на Нобелова награда вообичаено ги објавуваат имињата на лауреатите во октомври, а наградите се доделуваат на формална свеченост која се одржува секоја година на 10 декември, годишнината од смртта на Алфред Нобел. Порано, церемонијата за доделување Нобелови награди се одржувала во балската сала во Гранд хотело во Стокхолм.
Ред 83:
Се до основањето на норвешкиот Нобелов комитет во 1904 година, претседателот на норвешкиот парламент бил тој кој формално ја врачувал Нобеловата награда за мир. Истражувањето, одлучувањето, како и доделувањето на наградата е доверено на петте члена на комитетот. Иако овие членови се назначени од страна на норвешкиот парламент ''(Stortinget)'', тие се независни и не одговараат пред законодавната власт. На членовите на норвешката влада не им е дозволено да влијаат на комитетот.
 
== '''Медали на Нобелова награда'''награда’ ==
Медалите на Нобеловата награда, кои биле ковани од Минтверкет во Шведска и ковачницата во Норвешка од 1902 година, се регистран заштитен знак на Нобеловата задолжбина. Нивните изгравирани дизајни се меѓународно признаени симболи на престижот на Нобеловата награда. На секој од овие медали е претставена слика на левиот профил на Алфред Нобел и тоа на нивната предна страна (лицето на медалот). Четири од петте медали на Нобеловата награда (физика, хемија, физиологија или медицина и литература) се карактеризираат со истата слика на нивните лица(предни страни). Опачините на медалите на Нобеловата награда за физика и хемија делат еден дизајн. Кај медалот на Нобеловата награда за мир и [[Нобелова награда за економија|медалот на Банката на Шведска за економски науки]] имаат уникатни лиоквни решенија.
Ред 91:
Нобеловите награди се предмет на кражби на медали, токму поради нивниот златен состав и јавното изложување. За време на Втората светска војна, медалите на германските научници Макс фон Лауе и Џејмс Франк биле(нелегално) испратени на чување во Копенхаген. Кога Германија ја нападнала Данска, хемичарот Георг де Хевеши ги растопил во киселина за да спречи да бидат одземени од страна на нацистичка Германија и да спречи нивните сопственици да имаат проблеми со законот. По завршувањето на војната, златото било повратено од растопување, и медалите повторно биле преработени.
 
== '''Контроверзии и критики'''критики’ ==
 
По доделувањето на првата Нобелова награда во 1901 година, церемонијата, номинирањето, наградите и исклучоците беа повод за критикување и поттикнаа многу контроверзии:
 
=== '''Достигнувања кои останале незабележани'''незабележани’ ===
 
Махатма Ганди бил нoминиран пет пати за Нобелова награда за мир помеѓу 1937 и 1948 година, но тој никогаш не примил награда затоа што бил убиен на 30 јануари во 1948 година, два дена пред крајниот датум за примање на номинации за наградата за мир за 1948 година. Норвешкиот Нобелов комитет најверојатно планирал да му ја додели наградата за мир во 1948 година во вид на постхумна награда, но на крајот одлучиле да не го направат тоа и наместо тоа одлучиле да не ја доделат наградата таа година.
Ред 105:
Во некои случаи, со наградите најверојатно се испуштени некои слични откритија направени порано. На пример, Нобеловата награда за хемија од 2000 година за "откривањето и развивањето на спроводливи органски полимери" (1977 година) го игнорирала многу пораното откривање на високо спроводливи комплексни полимери со пренослив полнеж: во низата на документи на Веис и останатите од 1963 година е наведена дури и поголема спроводливост во сличен оксидиран полипирол премачкан со јод.
 
=== '''Недостаток на Нобелова награда за математика'''математика’ ===
 
Нобелова награда за математика не постои, што доведе до значајни шпекулации за причината поради која Алфред Нобел ја испуштил оваа награда.
Ред 112:
Неколку награди за математика имаат одредени сличности со Нобеловата награда. Натпреварот за медал (The Fields Medal) често се опишува како "Нобелова награда за математика", но разликата е во тоа што оваа награда се доделува само еднаш во четири години на личности кои не се постари од четириесет години. Постојат и други престижни награди за математика како што е Крафурдовата награда која ја доделува Кралската шведска академија на науките од 1982 година; Абеловата награда која исто така била нарекувана "Нобелова награда за математика" и која се доделува од страна на норвешката влада секоја година почнувајќи од 2003 година; Волфовата награда која се доделува еднаш годишно од страна на Волфовата задолжбина; Наградата на Шо за математички науки која почнала да се доделува од 2004 година; Гаусовата награда која се доделува заеднички од страна на [[Меѓународна математичка унија|Меѓународната математичка унија]] и Германското математичко општество за "истакнати математички допринеси кои нашле значајна примена надвор од областа на математиката" и која е воведена на Меѓународниот конгрес на математичари во 2006 година. Математичкиот институт на Клеј измислил седум "Милениумски проблеми" чии што решенија се наградуваат со парична награда: исто така и оваа награда се разликува од Нобеловите награди по тоа што таа има јасна, однапред одредена цел која се наградува и по тоа што оваа награда може да биде доделена тогаш кога ќе се најде решение на некој проблем.
 
=== '''Истакнување на откритија над изумите'''изумите’ ===
Алфред Нобел оставил богатство за да се финансира годишното доделување на наградите "на оние кои за време на претходната година му направиле на човештвото најголеми доброчинства". Тој навел дека еден дел треба да и се даде еден дел "на личноста која ќе го оствари најважното '''откритие''' или '''пронајдок''' во областа на физиката". Нобел не го ставал акцентот врз откритијата, но тие историски биле повеќе почитувани од страна на Нобеловиот комитет, за разлика од изумите: 77% од Нобеловите награди за физика биле доделени за откритија, споредено со само 23% за изуми. Кристоф Бартнек и Матијас Ротерберг во документите објавени во Природни и техноетички уметности расправале дека ваквото истакнување на откритијата ја поместиле Нобеловата награда од нејзината првична намера да ги наградува најголемите допринеси за општеството од претходната година.
 
== '''Посебно истакнати лауреати'''лауреати’ ==
 
=== '''Лауреати кои повеќе пати ја добиле наградата'''наградата’ ===
 
Од воведувањето на Нобеловата награда, четири луѓе добиле по две Нобелови награди:
Ред 132:
Високиот комесар за бегалци на ООН ја освоил наградата за мир два пати: во 1954 и во 1981 година.
 
=== '''Семејни лауреати'''лауреати’ ===
 
Повеќе семејства имале повеќекратни лауреати.
Ред 151:
* Јан Тинберген, кој бил добитник на Нобеловата награда за економија во 1969 година, бил брат на Николас Тинберген кој во 1973 година ја поделил Нобеловата награда за физиологија или медицина заедно со Конрад Лоренц и Карл фон Фриш.
 
== '''Види исто така'''така’ ==
 
* Ig Nobel Prize
Ред 167:
* Right Livelihood Award, sometimes called the "Alternative Nobel Prize"
 
== '''Белешки'''Белешки’ ==
 
# ^ a b "Nobel Prize" (2007), in Encyclopædia Britannica, accessed 14 ноември 2007, from Encyclopædia Britannica Online: <http://www.britannica.com/eb/article-9056008>.
Ред 206:
# ^ Chemistry prize 2006, nobelprize.org, accessed 14 јануари 2008
 
== Упатувања’ ==
== '''Упатувања''' ==
 
* "Annan, U.N. Cited for Peace Work, Win Nobel". In Nobel Centennial. CNN.com. Copyright © 2003 Cable News Network LP, LLLP 2003. Accessed 5 ноември 2007. (Concerns the 2001 Nobel Peace Prize awarded to Kofi Annan and the United Nations.)
Ред 248:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Нобелова награда|*]]