Константин V Копроним: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 10:
Набргу по стапување на престолот, Константин V се соочил со граѓанска војна ([[741]]-[[743]]), која започнала поради незадоволството на иконоборската политика на царот. Додека Константин V започнал воена кампања против [[Арапи]]те во [[Мала Азија]] во 741/2 година на чело со [[Хишам ибн Абд ал-Малик]], стратегот Артавазд Иконољубец, кој бил сопруг на неговата сестра [[Ана (сопруга на Артавазд Иконољубец)|Ана]], се прогласил за император во [[Тракија]] и на темата Опсикион, со поддршка на ерменските единици, при кое Константин бил принуден итно да се врати назад за да собере војници во [[Анадолија]]. Артавазд бил поздравен од народот во [[Константинопол]], каде официјално бил крунисан за император. Во овој период започнала обнова на почитувањето на иконите, кое дополнително го подобрил неговиот имиџ пред населението. Сепак, поголемиот дел од азиските армии останале на страната на Константин и кон средината на 743 година тој успеал да го порази на узурпаторот и истата година [[Артавазд Иконољубец]] бил симнат од престолот и ослепен. Задушувањето на бунтот кон крајот на 743 година било проследено со голем терор и масовни егзекуции.
 
== Иконоборство==
 
Како и својот татко така и Константин V бил приврзаник на иконоборството и ги прогонувал приврзаниците кои ги почитувале иконите. Во текот на неговото владеење биле уништени голем број на реликви и манастири. Тој всушност се покажал и поголем фанатик во иконоборството од неговиот татко Лав. Поради неговата политика на непријателство и насилство кон дел од црквата тој е познат со прекарот "Копроним" (од kopros "измет", и onoma "име") кое му било измислено од верските му противници.
 
Во 754 година Константин V свикал собор на кој 350 епископи биле принудени да присуствуваат, но Рим, Ерусалим, Антиохија и Александрија одбиле да пратат претставници. По ова била донесена одлука од страна на императорот против иконите која епискпите биле принудени да ја потпишат. На соборот донесена одлука за строга забрана на култот на иконите. Наредено било нивно целосно уништување. Оваа политика билс спроведена исклучиво сурово и била проследена со големи злосторствата. Според Теофан Исповедник, голем дел од монасите биле погубени преку камшикување, обезглавување и ослепување. На некои од црковните лица им биле намажувани нивните бради со мелем од восок и масло, по кое истите биле запалувани за да може да им биде изгорено нивното лице и глава.
 
{{Шаблон:Византиски владетели}}