Јустинијан II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 16:
 
Едно од поголемите настани во црковниот живот бил црковниот собор во 692 година познат како Трулски собор, но самите одлуки не биле признаени од папата Сергиј. Обидите на Јустинијан II да го принуди папата да ги прифати одлуките останале неуспешни.
 
== Соборување и заточение ==
 
Непопуларноста на Јустинијан II била искористена од војсководецот [[Леонтиј]]. Во 695 година, тој успеал да побегне од затвор, каде бил чуван по наредба на Јустинијан, по кое успеал да го зароби на Јустинијан и наредил да му го преселат носот и јазикот, поради кое Јустинијан подоцна бил наречен Ринотмет. Соборениот император бил испратен на заточение во Крим. Стефан и Теодот биле егзекутирани.
Фолис на Јустинијан Ринотмет
 
Соборувањето на Јустинијан II не довело до подобрување на внатрешната и надворешната состојба на империјата, напротив, следувал 20-годишен период на немири и нестабилност и истиот завршил по повторното зазимање на престолот од страна на Јустинијан.
 
Додека бил во егзил, градот Картагина и остатокот од провинциите во Африка биле освоените од Арапите, кои продолжувале да се закануваат и по источната граница. Поради поразите и неуспесите, императорите останувале закратко на власт - по некое Леонтиј исто така бил соборен, а престолот бил зафатен од Тибериј III. Тогаш Јустинијан Ринотмет успеал да побегне од заточение, прво кај Хазарите, потоа кај Бугарите, за да во 705 година застане пред портите на Константинопол, заедно со 15,000 војска составена од Словени и Бугари, на чело со хан Тервел. Јустинијан и неговите приврзаници тајно успеале да влезат во главниот град преку еден неискористен аквадукт и успеале да направат преврат.
 
{{Шаблон:Византиски владетели}}