Роман I Лакапин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 24:
'''Роман I Лакапин''', или само '''Лакапин''', (о. 870г. - 15 јуни 948г.), бил [[Источно римско царство|византиски]] император од 920г. до 944г. Тој бил [[Ерменци|Ерменец]] кој станал византиски поморски командант (друнгарија), кој подоцна му станал дедо (тест) на малотетниот цар [[Константин VII Порфирогенит]], па станал негов совладетел, за потоа да си се постави за постар (прв) цар на Царството се до неговото исфрлање од тронот од страна на неговите синови на 16 декември 944г.
 
==Социјален статус и активности пред да стане цар==
===Потекло и воена функција===
Роман Лакапин бил син на обичниот стратиот - Теофилакт Абастакт, кој и сам ја започнал кариерата како војник на темата [[Арменијака (тема)|Арменијака]]. Тој бил на чело на [[Источно римско царство|византиската]] морнарица, односно бил друнгарија на царската флота. Во тоа време [[Прво бугарско царство|Бугарија]] на чело со царот [[Симеон I|Симеон]] ја нападнал Византија која била водена од регентството под водство на царицата Зоја, мајка на [[Константин VII Порфирогенит]].<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 319.</ref>