Владимир Полежиноски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 5:
Роден е во семејството на Јонче и Стефанка Полежиноски. Основно образование завршил во Кичево, а гимназија во [[Битола]] во [[1932]] година. По завршување на гимназијата, во есента [[1932]] година се запишал на Правниот факултет во [[Париз]], каде што со успех ги завршил студиите, а потоа одбранил и докторат на универзитетот [[Сорбона]] во март [[1939]] година на тема „Фондови за изедначување на девизните курсеви". За време на студиите во [[Париз]] активно се вклучил во студентското демократско движење, а во [[1937]] година станал и секретар на студентското друштво во Париз.
 
=== Втора Светска војна ===
Полежиноски бил повикан на отслужување на воениот рок во стара [[Југославија]] и служел во [[Требиње]], каде што го затекнала и капитулацијата на стара Југославија. Тој се вратил во родното [[Кичево]], каде што токму тогаш [[Кузман Јосифовски - Питу]] го формирал Месниот комитет на [[КПЈ]] во Кичево во октомври [[1941]] година. Во почетокот Кузман не се сложил Полежина да влезе како член на МК, бидејќи сметал дека партијата е на [[работничка класа|работничката класа]], а интелектуалците каков што бил Полежина не може да бидат членови. Сите кичевски првоборци се залагале за Полежина да биде член. Кузман Јосифовски-Питу сфатил дека Полежина како убеден [[демократија|демократ]] и [[антифашизам|антифашист]] треба да биде член на КПЈ.