Василиј I Македонецот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 52:
Во [[Италија]], исто така, [[Источно римско царство|византиската]]византиската позиција се подобрила. Кнезот од [[Беневенто (кнежевство)|Беневенто]] се дигнал против [[Лудвиг II (Источно Франкски крал)|Лудвиг II]] и се ставил под византиски протекторат ([[873]]г.), а по Лудвиговата смрт и [[Бари]] му ја отворил капијата на византискиот стратег (кон крајот на [[876]]г.). Византија успеалада ги одбие и новите нападина Арабјаните на бреговите на [[Далмација]] и [[Грција (регион)|Грција]], па привремено дури го запоседнала и [[Кипар]]. Навистина, Арабјаните и натаму имале превласт на Средоземното Море, и Византија наскоро добила силен удар на [[Сицилија]]: на [[21 мај]] [[878]]г., по долг, огорчен отпор, паднала [[Сиракуза]]. Дотогаш поголемо значење имало јакнењето на византиските позиции на јужноиталијанското копно. Под водство на истакнатиот војсководач Никифор Фока и овде започнала силна и успешна византиска офанзива. Јужна Италија повторно дошла под византиска власт. Покрај малите, меѓусебно несложните италијански државички, Византија единствено претставувала посилен политички чинител, па дури и самиот [[Рим]], загрозен од постојаните арапски напади на италијанскиот брег, морал да побара заштита од византискиот цар. Со оваа ситуација се објаснува и попустливиот став што папството тогаш го зазело кон Византија во црковните прашања.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 291-292.</ref>
==Смрт==
По прераната смрт на Константин (879г[[879]]г.), правото на наследство на престолот преминало на [[Лав VI Мудриот|Лав]], и покрај длабокото нерасположение и недоверба што неговиот татко ги негувал спрема нему. Напрасната смрт на својот првенец, Василиј I не можел да ја преболи и последните години од својот живот ги провел во тешка душевна депресија. На [[29 август]] [[886]] година во несреќен случај загинал во лов.<ref>Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 295.</ref>
 
== Извори ==
<references/>