Јајчник: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 37:
== Функција ==
Јајчниците во себе содржат одреден број на примордијални (првобитни) јајни клетки (од 300 000 до 400 000) кои се сместени во сврзното ткиво, во стромата на јајчникот. Од сите примордијални јајни клетки остануваат само околу 10%, така што за време на пубертетот ги има околу 30 000, што е и нивен конечен број.
Примордијалната јајна клетка (примарен фоликул) е под влијание на фоликулостимулирачкиот хормон (FSH) и лутеинизирачки хормон (LH) од хипофизата. Овие хормони го стимулираат растот на неколку примарни фоликули истовремено, но од петтиот до седмиот ден од циклусот се одбира само еден фоликул, а другите пропаѓаат. Околу 14иот ден од менструалниот циклус, зрелата јајна клетка се ослободува од јајчникот (овулација) за да може да биде оплодена. Јајната клетка, по пукањето на нејзината фоликуларна мембрана, доспева во јајцеводот, од кој со помош ма хорионските ресички се истиснува во шуплината на матката. Зрелиот фоликул се нарекува Графов фоликул. Овој процес трае во текот на фертилниот период на жената, односно од пубертетот до менопаузата. Во климактериумот јајчникот ја прекинува својата функција на произведувач на јајни клетки, со што завршува и фертилниот период на жената. Јајчниците во понапереднатите години, во менопаузата, постепено закржлавуваат, се смалуваат и достигаат големина на семка од слива. Напоредно со тоа се намалува и лачењето на половите хормони во нив.
 
=== Ендокрина функција ===
Покрај оваа функција, јајчникот, исто така има и ендокрина функција. Негова задача е да во текот на целиот живот на жената произведува два специфични хормони (стероидни хормони): [[естроген]] и [[прогестерон]]. Естрогенот контирнуирано се ствара во текот на целиот живот на жената, а прогестеронот во текот на втората фаза на менструалниот циклус и во текот на бременоста.
Во климактериумот јајчникот ја прекинува својата функција на произведувач на јајни клетки, со што завршува и фертилниот период на жената. Јајчниците во понапереднатите години, во менопаузата, постепено закржлавуваат, се смалуваат и достигаат големина на семка од слива. Напоредно со тоа се намалува и лачењето на половите хормони во нив.
 
{{Нормативна контрола}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Јајчник