Тајане: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
:''Оваа статија се однесува на македонскиот народен обичај. За празникот поврзан со Раѓањето на Свети Јован Крстител видете [[Иванден]]''
[[Податотека:John baptist macedonia.jpeg|thumb|250px|[[Јован Крстител]]. Икона од [[Марковиот Манастир]], денес се чува во [[Музејот на Македонија]]]]
'''Тајане''' — македонски календарски обичај поврзан со празникот Раѓање на Свети [[Јован Крстител]] – [[Иванден]] (7 јули /24 јуни)<ref>''Лепа Спировска, Кон проучувањето на обичајот Тајане во некои места на Македонија, „Македонски фолклор“, VI, 12, Скопје, 1973;''</ref>. Најдолго се задржал во [[Прилепско]], [[Битолско]] и [[Крушевско]]. Од обичаите што се изведуваат на овој ден повпечатливи се оние поврзани со растението [[папрат]]. Имено вечерта спроти празникот се бере папрат, а тоа пак е поврзано со верувањето во неговата апотропејска моќ. Папратот се става на постелата и на него се спие за здравје, а рано наутро на самиот ден Иванден се плетат венци што се ставаат во бавчите за да ги чуваат од разни болести, временски непогоди како и други несреќи.
 
==Иванден==
{{главна|Иванден}}
Иванден е еден од најважните празници кај целиот [[Словени|словенски свет]] во кој се преплетуваат голем број обичаи и верувања од старата [[словенска митологија]], со празнувањето на денот на раѓањето на [[Свети Јован Крстител]]. Во македонската народна традиција овој празник е поврзан со летниот солстициј, односно со периодот на [[долгодневица]]та. Овој празник во годишниот круг празници е симетричен на [[Божиќ]], денот поврзан со зимскиот солстициј, односно со периодот на [[краткодневица]]та. Овие два празници ги поврзуваат и повеќе обичаи и верувања поврзани пред се со сонцето. Во таа насока се и обичаите и верувањата поврзани со огновите. Ритуалите со билките, исто така претставуваат еден од најважните елементи поврзани со Иванден, а тие пак исто така се остаток од старите словенски верувања.
Со Иванден се поврзани многу обичаи и верувања но најповеќе се однесуваат на билките и верувањето во нивната магиска моќ. Верувањето пак дека тој ден играло сонцето или дека се превртувало три пати е поврзано со тоа што Иванден се паѓа во најтоплиот период од годината.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Тајане