Катлановско Блато: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 4:
 
==Карактеристики==
Катлановското блато во [[1965]] г. согласно „''Законот за заштита на природните реткости''” е ставено под заштита. Овој специјален резерват (ботанички, ихтиолошки и орнитолошки) се спомнува во документите од историско значење и како објект кој имал фортификациско значење, бидејќи претставувал пречка за премин низ [[Таорската Клисура]]. Во повелбите (грамоти) издадени по повод обновувањето на манастирот посветен на свети Ѓорги-Горга, што бил по течението на реката [[Серава]], е речено: „''Катлановското Блато и е подарено на црквата Св. Горѓија, со ловиштето за риби и другиот дивеч”''. Во грамотата е забележан и текстот: „''Кој ќе влезе во ловиштето без игуменово одобрение да биде проклет од богаБога и да плати 8 [[перпер]]и во државната каса''”.
 
Користењето на Катлановското Блато од [[XI век]] било регулирано со претходно добиено одобрение од црковните власти, а за секое друго користење била изрекувана казна. Големите количини риба во Катлановското Блато, на жителите од селата, со лов, им овозможувало зимата да ја минат безгрижно, неколку каци во визбите од селските куќи биле полни со посолена риба. Пред да почне мелиоризацијата, Катлановското Влато било попатно сопирно одморалиште на птиците преселници, кои доаѓале пред да настапи зимата и тоа од север во правец на југ-[[Солун]], и подалеку до северниот дел на [[Африка]]<ref>{{цитирана мрежна страница|url=http://www.mes.org.mk/PDFs/Other/biodiverzitet_vo_RM.pdf|title=Биолошката разновидност на Република Македонија|last=Љупчо Меловски|date= 24 април 2009 |accessdate=2011-01-02}}</ref>.