Македонска православна црква - Охридска архиепископија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 35:
* Во [[VII век]] на територијата на [[Македонија]] е извршена [[словени|словенска]] колонизација при што доаѓа до мешање на староседелците со Словените. Нивната христијанизација започнува во IX век, со делото и со животот на браќата Свети [[Кирил и Методиј]], кои потекнувале од [[Солун]]. Тие ја составиле азбуката на словенскиот јазик и го превеле [[Библија|Светото Писмо]] и другите дела што биле потребни за да можат црковните служби да се молитвословат на јазикот на кој зборувал народот. Нивното дело со помошта на бугарскиот цар [[Борис I]] Михаил го продолжуваат [[Климент Охридски|Климент]] и [[Наум Охридски]], [[Константин Брегалнички]] и нивните ученици кон крајот на IX и почетокот на X век.
 
* [[Климент Охридски]] го основал првиот [[универзитет]] на Словените на овие простори, а [[Наум Охридски]] го основал првиот словенски [[манастир]] на брегот на [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]].

=== Охридска Архиепископија ===
Во втората половина на X век, во рамките на [[Самуилово царство|Самуиловата држава]] е организирана [[Охридска архиепископија|Охридската автокефална Архиепископија]], во достоинство на [[патријаршија]], а подоцна, по паѓањето на Самуиловото Царство, повторно е сведена на степен на архиепископија и како таква постои цели осум века, се до [[1767]] година кога е укината од страна на турскиот султан [[Мустафа III]], а нејзините епархии се присоединети кон [[Цариградска патријаршија|Цариградската патријаршија]].
 
[[Податотека:Teodosij gologanov.jpg|мини|лево|[[Теодосиј Гологанов]] бил поборник за обновување на Охридската Архиепископија]]