Јустинијан I: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с додадена Категорија:Таор со помош на HotCat
Base (разговор | придонеси)
с -d
Ред 22:
}}
[[Податотека:Macedonia-02810 - Justinian I (10905354974).jpg|мини|десно|[[Споменик на Јустинијан I|Споменикот на Јустинијан I]] на [[плоштад Македонија|плоштадот „Македонија“]] во Скопје.]]
'''Јустинијан I''' ({{lang-la|Flavius Petrus Sabbatius Iustinianus}}; [[11 мај]] [[483]] – [[13 ноември|13]]/[[14 ноември]] [[565]]) — [[Византиски владетели|византиски]] владетел од [[Македонија]] како император на [[Византиско царство|Источното римско царство]] (од [[527]]—[[565]] год.), [[Христијанство|христијанин]] и [[Православие|православен]] теолог. Најстојувал да ја обнови моќта и големината на [[Римска Империја|Римската империја]] која била ослабена со упадите на варварските племиња. Познат е по проширувањето на Империјата, првенствено со воените походи на [[Велизариј]], како и по неговиот брак со императорката [[Теодора (сопруга на Јустинијан I)|Теодора]], која била сметана за негов ко-регент. Историјата го памети и како најголем кодификатор на класичното [[римско право]]. Јустинијан бил една од најзначајните личности во доцната антика, и со него завршува периодот на благосостојба во Византија, сè до [[IX век]] кога таа повторно ќе се издигне.
 
Големината на овој цар е неразделно поврзана со неговата длабока православна вера. Верувал и живеел според верата. За време на [[пост]] не јадел [[леб]] и не пиел [[вино]], а се хранел со зелје и пиел [[вода]] секој втор ден. Завојувал со [[дунав]]ските [[варвар]]и само затоа што ги кастрирале заробениците. Ова е еден од знаците на неговото човекољубие. Бил среќен и успешен во војните и во работата. Изградил голем број прекрасни [[храм]]ови, од кои најубав е [[Црква “Света Софија“ Истанбул|Света Софија]] во [[Цариград]]. Ги собрал и ги спроведувал римските закони. Самиот издавал многу строги закони против неморал и распусност. Ја составил црковната песна „Јединородни Сине и Слове Божји“, којашто од [[536]] година почнала да се пее на литургија. Го свикал Петтиот Вселенски Собор во [[553]] година.
Ред 31:
Петрус Сабатиус е роден во малото село [[Тауресиум]], денешно село [[Таор]] во византиската префектура [[Префектура Илирик|Илирик]], во близина на [[Скупи]] (денешно Скопје), веројатно на 11 мај 483 год. од Вигилантија, сестрата на генералот Јустин, кој подоцна ќе стане византиски император Јустин I. Јустин I го посвоил и го зел кај себе во [[Константинопол]], обезбедувајки му солидно образование, особено од областа на [[правни науки|правото]], [[теологија]]та и [[историја]]та. Кога [[Јустин I]] бил прогласен за император, тој добил висок воен чин во царската гарда (''magister militum''). Уште пред доаѓањето на императорскиот престол, Јустинијан покажувал голема надареност за владеење што се потврдувало со големото влијание што го имал врз неговиот вујко. Во 525 год. добил титулата кајсар, а на 4 април 527 год. бил прогласен за август, со што станал коимператор на Јустин I. На [[1 август]] 527 год. Јустин I умрел, со што Јустинијан на 44 годишна возраст станал единствен император на Источното Римско, односно [[Византиско царство]].
 
Покрај Јустинијан мошне влијателна била и неговата сопруга [[Теодора (сопруга на Јустинијан I)|Теодора]] со која се оженил во 525 год. и покрај нејзиното неугледно потекло. Таа со својата интелегенција успеала да се наметне речиси како совладетел на Јустинијан. Се смета дека била приврзаник на монофизитистите, како и дека влијаела на дел од законите што ги донел Јустинијан.
 
Во 548 год. Теодора умрела, а Јустинијан ја надживеал 17 години и умрел на [[13 ноември|13]] или [[14 ноември]] 565 год.