Слобода на печатот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 49:
- Сирија
 
=== '''Историја''' ===
 
==== '''Република Полска-Литванија''' ====
 
Законите за слобода на печатот најпрво беа усвоени во Полско-Литванската заедница во 1539год.
 
==== '''Англија''' ====
 
Големата револуција која се случи во Англија во 1688год. воспостави парламентарен суверенитет над круната, а над се револуцијата за права. Човекот кој најмногу придонесе за западната либерална теорија беше Џон Лок. Лок се расправаше дека во два владини договори индивидуалци поставиле некои од неговите права кои се присутни во природата, под старателство на суверенитетот (владата) во замена на заштита на одредени природни индивидуални права. Општествениот договор е склучен од страна на луѓето.
Ред 63:
Примената на генералните принципи на слобода на Мил се изразени во неговата книга ,,На слободата": ,, Ако целото човештво минус еден, го имаат истото мислење, а еден, само еден човек има спротивно мислење, човештвото нема да биде повеќе оправдано ако го замолчи тој еден човек, отколку што би бил оправдан тој ако има моќ да го замолчи општеството".
 
==== '''Индија''' ====
 
Во индијскиот устав, се додека не се спомне зборот печат, обезбедува ,, право на слобода на говор и изразување" (член 19(1)а). Сепак, ова право е предмет на ограничување во подклаузулата (2), при што оваа слобода може да биде ограничена заради ,, суверенитетот и интегритетот на Индија, безбедноста на државата, пријателски односи со странски држави, јавниот ред, зачувавање на пристојноста, зачувување на моралот, во случај на презир, судот, клевета или поттикнување на кривично дело". Закони како Официјалниот таен акт и Законот за спречување на терористички активности (Пота) , се користат за да се ограничи слободата на печатот. Под Пота некое лице може да биде притворено и до шест месеци затоа што било во контакт со терорист или терористичка група. Пота беше укинат во 2006год. но Официјалниот таен акт кој беше направен во 1923год. продолжува да постои. За време на првите 500години независност, контролата на медиумите од страна на државата беше најголема пречка за слободата на печатот. Индира Ганди во 1975год. ја кажа славната изјава дека,, сите радија во Индија се владин орган и ќе останат владин орган…". Со почетокот на либерализацијата во 1990-тите, започна и приватната контрола на медиумите, што доведе до зголемување на независноста и поголема контрола на власта.
 
==== '''Нацистичка Германија (1933год.-1945год.)''' ====
 
Во 1933год. по Пожарната уредба на Рајхстагот на претседателот Паул фон Хиденбург и како што Адолф Хитлер доаѓаше на власт, слободата на печатот во Германија беше потисната. Хитлер во голема мера ја потиснуваше слободата на печатот преку министерството за јавно просветителство и пропаганда на Јозеф Гебелс. Како што наведува името на министерството, зборот пропаганда не се споменува во негативна конотација како во денешно време (или како во сојузничките земји) . ,,Како-да…" прирачници кои го објаснуваат занаетот на ефективна пропаганда беа отворено дистрибуирани од страна на истото министерство. Министерството исто така делуваше и како централна контролна точка за сите медиуми преку издавање на наредби за тоа какви приказни може да се печатат, а какви ќе бидат потиснати. Сите кои биле вклучени во филмаскта индустрија, од директорите па се до помошниците од најнизок ранг, морале да потпишат заклетва за лојалност кон нацистичката партија, бидејќи Гебелс ја воочува моќта на промената на мислењето поради филмовите (Самиот Гебелс лично вршел контрола врз секој филм направен во нацистичка Европа). Новинарите кои оделе против пропагандата на министерството биле рутински затварани или стрелани како предавници. Службата за безбедност и други нацистички полициски организации, создале мрежа на внатрешно, домашно шпионирање, така што на пример Општеството на белата роза било во постојан страв дека ќе бидат откриени и убиени.
 
==== '''Шветска-Финска''' ====
 
Првиот закон за слобода на печатот во светот бил воведен во Шветска-Финска во 1766год. главно поради класичниот либерален член на парламентот Андрес Шидениус. Прифатена и подложена на судско гонење била само опозицијата на кралот и шветската црква. Законот во голема мера беше укинат по државниот удар на кралот Густав во 1772год., кој се врати на власт по соборувањето на неговиот син, Густав IV од Шветска во 1809год., законот беше целосно признаен поради укинување на привилегијата на кралот да ги откажува лиценците во 1840-тите.
 
==== '''Данска-Норвешка''' ====
 
Помеѓу 4 септември 1770год. и 7 октомври 1771год., кралството на Шветска-Норвешка имаше повеќе неограничена слобода на печатот од која било земја во Европа. Овој настан се случи за време на режимот на Јохан Фридрих Штрензе, чиј прв закон беше да се укинат сите стари закони за цензура. Сепак, поради големиот број на анонимни објавени памфлети кои биле критични и често клеветнички кон режимот на Штрензе, една година подоцна на 7 октомври 1771год. тој повторно донел некои ограничувања во однос на слободата на печатот.