Моргана: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bjankuloski06 ја премести страницата Морган ле Феј на Моргана
сНема опис на уредувањето
Ред 12:
Како што нејзиниот епитет „ле Феј“ (од франц. ''la fée'', што значи [[вила]]) укажува, ликот на Морган се чини дека првично бил прикажан како натприродно суштество. Нејзиното главно име може да е поврзано со легендите за Моргенс, или Морганс или Мари-Моргенс, коишто се [[велшки]] и [[бретонски]] духови на водата. Иако подоцнежните дела ја прикажуваат како обичен човек, таа си ги повраќа своите магични моќи. Инспирацијата за нејзиниот лик најверојатно дошла од претходната велшка митологија и литература; била споредувана со божицата Модрон, лик што доаѓа од континенталната Деа Матрона и често е спомнувана во средновековната велшка литература. Модрон се појавува во [[велшката тријада]] 70, во која нејзините деца од Уриен, Овен и Морфид, се нарекуваат „Трите благословени товари на утробата на островот Британија,“ а подоцнежна приказна сочувана во ракописот познат како Пениарт 147 ја чува приказната поцелосно. Уриен е сопруг на Морган ле Феј во континенталните романси, додека пак Овен маб Уриен е историски лик покрај нивниот син Ивејн. Покрај тоа, Модрон е наречена „ќерка на Авалач“,стар велшки Бог чиешто име може да се протолкува како именка која значи „место на јаболки“. Всушност, во приказната на Овен и концепцијата на Морфид во Пениарт 147, Модрон е наречена „ќерка на кралот на Авалач.“ Ова е слично на Авалон, „Островот на јаболките“ со кој Морган ле Феј била поврзувана уште од нејзините први појавувања. Други тврдења понекогаш ја поврзуваат Морган со [[ирската]] божица Мориган, иако има малку сличности помеѓу овие две покрај изговорот на нивните имиња.<br />
 
{{Quotation|Поради тоа што нејзиното име и понекогаш нејзините карактеристики се слични со оние на многуте жени со натприродни моќи во велшката и ирската традиција, многумина мислат дека Морган е остаток на паганската [[келтска]] божица или дух. Келтското сродство на Морган ги вклучува божиците на војната (ирската Мориган и Мача) како и водниот народ (ирската Мирген, велшката [[Модрон]] и бретонската [[Морганес]]) – иако ниту еден од овие ликови не може со сигурност да се смета како нејзин предок. Околу 1216 год. Џералд од Велс напишал дека во ''„fabulosi Britones“'' (приказни на [[БритонцитеБрити]]те) измислена божица наречена Морганис го однела [[Артур]] до Авалон за да го излечи. Ова е една од малкуте наши документирани врски меѓу келтската усна традиција и ликот што ќе се појави во романса како Морган ле Феј.|''Карл Линдал, средновековен фолклор: енциклопедија на митови, легенди, приказни, верувања и обичаи''|}}
 
==Во средновековната литература==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Моргана