Жеден: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 7:
}}
 
'''Жеден''' е македонска средновисока [[планина]] во [[северозападна Македонија]] штокоја се протега помеѓу [[Скопската Котлина]] на исток и [[Полошката Котлина]] на запад. На север и североисток е одделена со лак на реката [[Вардар]] од ограноците на [[Шар Планина]] и [[Скопска Црна Гора]]; од југоисток со [[Бојанско Поле|Бојанско]] и [[Копаничко Поле]] – делови на Скопската Котлина, а од југ е преграбенската долина [[Тетовска Суводолица]]. Планината Жеден се протега во правец ЈЗ–СИ и зазема вкупна површина од 109 км². Билото е заоблено и од него се издигаат неколку врвови меѓу кои највисок е [[Голем Камен]] (1.264 м). Геолошкиот состав е претставен со масивни мермеризирани варовници кои лежат преку кристалести шкрилци.<ref>{{наведена книга|last=Географско друштво на СР македонија|title=Геоградски разгледи|publisher=Друштво|location=Скопје|date=1989|edition=27-30}}</ref> Жеден е безводна планина, но во подножјето има неколку извори. Најзначаен меѓу нив е [[Рашче (извор)|изворот Рашче]] со штедрост од 6 м³/с, од кој градот [[Скопје]] се снабдува со вода.<ref>''Д. Манаковиќ, „Годишен зборник на Филозофскиот факултет“, кн. 10, Скопје, 1957''</ref>
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
[[Категорија:Планини во Македонија]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Жеден