Андреа Барцаљи: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 37:
На 26 јануари 2011 година, Барцалји го комплетираше својот трансфер во [[ФК Јувентус|Јувентус]]. Своето деби за својот нова екипа го имаше на 5-ти фебуруари 2011, кога ги одигра сите 90 минути во пар со [[Леонардо Бонучи]] на стоперските позиции на гостувањето кај [[ФК Калјари Калчо|Калјари]]. Јувентус го доби тој меч со 3-1. Од тој натпревар Барцалји речиси беше постојано во стартните единаесет на [[Луиџи Дел Нери]]. Но, сепак првата сезона во екипата помина разочарувачки како за него така и за целата екипа, [[ФК Јувентус|Јувентус]] заврши дури на седмото место и неуспеа да избори ниту настап во евро-турнирите.
 
[[ФК Јувентус сезона 2011-12|Следната сезона]] со доаѓањето на [[Антонио Конте]] на тренерската функција, во текот на летото било најавено дека Јувентус ќе игра во [[4-4-2]] формација, со [[Џорџо Кјелини]] и [[Леонардо Бонучи]] како стопери и дека нема да има место за Барцалји. Но наместо тоа, Конте ја променил формацијата во 3-5-2, вклучувајќи го и Барцалји во стартната постава заедно со претходно споменатите двајца играчи. Тој станал важна алка во екипата и бил еден од најкористените играчи на клубот, појавувајќи се на 35 од 38 натпревари во лигата од кој во 34 како стартер и пропуштил само 3 поради повреда. Добрите перформанси во текот на сезоната кулминирале со неговото враќање во [[Фудбалска репрезентација на Италија | репрезентацијата]]. На неколку кола пред крајот на [[Серија А 2011-2012|сезоната 2011-2012]] станал шампион на Италија со Јувентус, освојувајќи го своето прво [[скудето]] во кариерата. Во последното коло кога шампионот веќе бил познат, Барцалји го постигнал својот прв гол за Јувентус во последните минути од натпреварот против Аталанта, погодувајќи од пенал за водство од 3-1 што се испоставило и како конечен резултат на натпреварот. Тој исто така бил избран и во ''Тимот на годината наво Серија А''.
 
Првиот настап во [[ФК Јувентус сезона 2012-13 | сезоната 2012-2013]], Барцалји го имал на 11 август во [[Пекинг]], кога со својот тим го освојува [[Суперкуп на Италија 2012 | Суперкупот на Италија]], откако Јувентус [[Продолжеток (спорт)|по продолженија]] го совладал [[ФК Наполи | Наполи]] со 4-2.<ref>{{Cite news|url=http://www.ansa.it/web/notizie/rubriche/calcio/2012/08/11/Supercoppa-Juve-Napoli-senza-Conte_7330398.html|title=Supercoppa alla Juve, Napoli battuto 4-2|data=11 август 2012|accessdate=11 август 2012|language=италијански|publisher=Ansa.it}}</ref> На 28 април 2013 година, во [[Дерби дела Моле|градското дерби]] против [[ФК Торино|Торино]] добиено со 2-0, го одбележил својот 100-ти настап за Јувентус.<ref>{{Cite news|url=http://www.tuttojuve.com/?action=read&idnotizia=137894|title=''Gazzetta'' - Barzagli fa 100: numeri impressionanti|publisher=Tuttojuve.com|language=италијански|date=28 aprile 2013}}</ref> На 5 мај, пристигнува освојувањето - на три кола пред крајот - на второто скудето по ред, благодарение на победата со 1-0 против Палермо.<ref>{{Cite news|url=http://www.gazzetta.it/Calcio/Squadre/Juventus/05-05-2013/juventus-palermo-1-0-sogno-realta-conte-bis-scudetto-tuo-20332458287.shtml|title=Juventus, scudetto bis: 1-0 sul Palermo. Conte sale ancora sul tetto della Serie A|publisher=[[La Gazzetta dello Sport]]|author=Рикардо Пратеси|language=италијански|data=5 мај 2013|accessdate=6 мај 2013}}</ref> Ја завршил сезоната со најмногу настапи досега, вкупно 48, исто колку и [[Леонардо Бонучи]], од кои 34 во Серија А, четири во италијанскиот куп, 9 во Лигата на шампионите и еден во Суперкупот на Италија.<ref>{{Cite web|url=http://www.myjuve.it/statistiche-stagione-2012-13-juventus/presenze-Pres-118.aspx|title=Statistiche Stagione 2012/13 - Presenze|editor=Myjuve.it|language=италијански|accessdate=24 мај 2013}}</ref>