Разлика помеѓу преработките на „Свети Кирил и Методиј“

с
Отстрането уредувањето на 79.125.161.190 (разговор), вратено на последната верзија на [[User:Тиверополник|Ти...
с (Отстрането уредувањето на 79.125.161.190 (разговор), вратено на последната верзија на [[User:Тиверополник|Ти...)
}}
 
'''Свети Кирил и Методиј''' ([[старословенски јазик|старословенски]]: {{Script|Cyrs|Кѷриллъ и Меѳодїи}}) — браќа родени во [[Солун]] во {{римски|9}} век<ref>''Columbia Encyclopedia'', Sixth Edition. 2001-05, s.v. "Cyril and Methodius, Saints"; ''Encyclopedia Britannica'', Encyclopedia Britannica Incorporated, Warren E. Preece - 1972, p.846, s.v., "Cyril and Methodius, Saints" and "Eastern Orthodoxy, Missions ancient and modern"; ''Encyclopedia of World Cultures'', David H. Levinson, 1991, p.239, s.v., "Social Science"; Eric M. Meyers, ''The Oxford Encyclopedia of Archaeology in the Near East'', p.151, 1997; Lunt, ''Slavic Review'', June, 1964, p. 216; Roman Jakobson, ''Crucial problems of Cyrillo-Methodian Studies''; Leonid Ivan Strakhovsky, ''A Handbook of Slavic Studies'', p.98; V.Bogdanovich , ''History of the ancient Serbian literature'', Belgrade, 1980, p.119</ref><ref>The Columbia Encyclopaedia, Sixth Edition. 2001-05, O.Ed. Saints Cyril and Methodius "Cyril and Methodius, Saints) 869 and 884, respectively, “Greek missionaries, brothers, called Apostles to the Slavs and fathers of Slavonic literature."</ref><ref name=BritGlago>Encyclopedia Britannica, ''Најраспространетите азбуки на светот, кирилицата и глаголицата'', 2008, O.Ed. "Раните словенски азбуки, кирилицата и глаголицата, биле измислени од Св. Кирил, или Константин (околу 827–869), и Свети Методиј (околу 825–884). Овие луѓе биле Грци од Солун кои станале апостоли на јужните Словени, кои ги преобразиле во христијани." </ref><ref name="Egregiae Virtutis">{{цитирана веб страница | title =Egregiae Virtutis | url=http://www.vatican.va/holy_father/john_paul_ii/apost_letters/documents/hf_jp-ii_apl_31121980_egregiae-virtutis_lt.html | accessdate = 2009-04-26}} [[Апостолско писмо]] од папата [[Јован Павле II]], 31 декември, 1980 {{la icon}}</ref>, кои станале [[мисионери]] на [[христијанството]] помеѓу [[Словени]]те од [[Голема Моравија]] и [[Панонија]]. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата ''Апостоли на Словените''. Тие се заслужни за изумување на [[глаголица]]та, првата азбука искористена да се препише [[старословенски]]от јазик.<ref>Liturgy of the Hours, Volume III, 14 февруари.</ref> По нивната смрт, нивните ученици ја продолжуваат нивната работа и дејност помеѓу Словените. Двајцата браќа се почитувани во [[Источната православна црква]] како [[светец|светци]] со титулата ''Еднакви со Апостолите''. Во 1880, [[Папа Лав XIII|Папата Лав XIII]] ја вовел нивната слава во календарот на [[Римокатоличката црква]]. Во 1980, [[Јован Павле Втори]] ги прогласил за созаштитници на [[Европа]], заедно со [[Бенедикт Нурсијски]].<ref name="Egregiae Virtutis"/>
 
== Биографија ==
'''[[Св. Кирил Солунски|Св. Кирил]] и [[Св. Методиј Солунски]]''' се родени браќа од [[Солун]],од угледно и богато [[Византија|византиско]] семејство, татко Лав и мајка Марија. Постариот брат, [[Св. Методиј Солунски|Методиј]], како офицер помина десет години меѓу [[Македонски Словени|македонските Словени]]. Потоа се оддалечи на гората [[Олимп]] и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил ([[Константин Филозоф]]). '''Кирил и Методиј''', познати како [[солун]]ските браќа просветители, имаат голема улога во [[Словени|словенската]] историја. Нивното дело ги описмени словенските народи.
[[Податотека:Kiril and Metodij - Skopje.JPG|thumb|left|175px|Споменик на Св. Кирил и Методиј близу [[Камен мост (Скопје)|Камениот мост]] во [[Скопје]]]]
Во почетокот на [[9 век|IX век]] била веќе подготвена солидна основа за поширока и поорганизирана мисионерска активност во Западна [[Бугарија]]. Во тоа време [[Византија|Византиската Империја]] доживува нов расцут на културен план, па овој бран ги заплиснува и градовите што биле оддалечени од [[Цариград]], посебно Солун. Во првите децении на IX век во Солун живее и семејството на висок службеник на царската власт, помошник на византискиот стратег на Солун и солунската област. Тоа бил Лав со својата сопруга Марија. Нивната народност е нејасна. Семејството имало повеќе деца, но се спомнуваат само имињата на најстариот - Методиј и најмалиот Константин. Дури не се спомнува и световното име на Методиј, кој ова го добил при замонашувањето.