Римско Царство: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиени последните 2 промени во текстот (од 213.135.172.91) и вратена преработката 3278983 на Ehrlich91
Ред 50:
 
== Основање на римската држава ==
=== Територија и Населениенаселение =====
Римската држава била основана на Апенинскиот Полуостров. Полуостровот е поврзан со Европа само од северната страна, преку еден планински венец. Од другите страни е опколен со мориња, со слабо разгранет брег. Северниот дел на Апенинскиот Полуостров е претежно рамничарски и е погоден за земјоделство. Средниот и јужниот дел се планински, богати со пасишта и погодни за сточарство. Климата на Апенинскиот Полуостров е блага, а почвата е доста плодна.
 
На Апенинскиот Полуостров во стариот век живееле повеќе племиња и народи. Во почетокот, најпознати биле Етрурците, како и племињата Оски, Умбри и Латини. Етрурците биле најстари жители на Апенинскиот Полуостров. Се занимавале со земјоделство, занаетчиство и трговија. Живееле во градови-кралства со развиена култура и уметност. Нивните градови имале поплочени улици, канализација и водовод. Латините, пак, имале најзначајна улога во основањето на Рим. Тие се занимавале со земјоделство и сточарство.
 
=== Основање на Рим ===
Си каснале од газо брајчата и после тој чичко му гојдото ги фрлил в река.. Ама срејча во несрејча,се нашла некоја волчица и ги извајла,му дала од цицката да цицна некое млекце.. После го скинале во расто чичко му и ко му ја здрвиле една, бел ден не видел..
Латините се населиле во средишниот дел на Апенинскиот Полуостров. НалевиотбрегнарекатаТибар, на седум блиски ритчиња основале свои населби, кои биле опкружени со мочуришта. Етрурците, кои живееле од другата страна на Тибар, често ја минувале реката и ги разменувале своите производи со производите на Латините. Латините прифатиле голем дел од културата на Етрурците.
 
Етрурците преземале и воени напади против Латините. За да се одбранат полесно од нападите, населбите на седумте ритчиња се обединиле. Така настанал градот Рим. Во шестиот век пред н.е., Етрурците ги победиле Латините и го освоиле Рим. За основањето на Рим е зачувана и една легенда. Според неа, Рим бил основан во 753 година пред н.е. од близнаците Ромул и Рем. Уште додека биле во лулка, нивниот лош стрико ги фрлил во реката Тибар. Од реката ги извадила една волчица, која ги задоила, а потоа ги нашол и ги пораснал еден овчар. Кога пораснале, браќата му се одмаздиле на лошиот стрико. Потоа основале град, кој по Ромул го добил името Рим (на латински Рома).
 
== Општествено и државно уредување ==