Жозеф Луј Лагранж: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 23:
==Научен придонес==
Лагранж бил еден од креаторите на [[сметањето на варијации]]. Исто така, тој го проширил методот за да се земат во предвид можни ограничувања, добивајќи метод на [[Лагранжови мултипликатори]]. Лагранж го измислил методот на решавање диференцијални равенки, познат како [[варијација на параметри]], применил [[диференцијално сметање]] во [[Теорија на веројатноста|теоријата на веројатност]] и постигнал значајна работа во решавањето на [[алгебарски равенки]]. Докажал дека секој природен број е збир на четири квадрати. Неговиот трактат ''Theorie des fonctions analytiques'' ги поставил некои од основите на [[групната теорија]]. Во сметањето, Лагранж развил нов пристап кон [[Лагранжовиот полином]] и [[Тејлоровa формула|Тејлоровата формула]]. Го проучувал три-телесниот проблем за Земјата, Сонцето и Месечината (1764) и поместувањето на јупитеровите сателити (1766). Но, сепак најпознат е по својата работа во полето на механиката, каде што ја трансформирал [[Њутновата механика]] во гранка на анализа, сега позната како [[Лагранжова механика]], и ги презентирал така наречените механички "принципи" како едноставни резултати на вариационата анализа.
 
==Биографија==
=== Рани години ===
Лагранж имал [[Италијанци|италијанско]] и [[Французи|француско]] потекло. Израснал во [[Римокатоличка црква|римокатоличко]] семејство, но подоцна во животот станал [[Агностицизам|агностик]].<ref>{{cite book|title=Mathematics and the Search for Knowledge|date=1986|publisher=Oxford University Press|isbn=978-0-19-504230-6|author=Morris Kline|page=214|quote=Lagrange and Laplace, though of Catholic parentage, were agnostics.}}</ref>
 
Неговиот татко, кој бил благајник на Управата за јавни работи и утврдувања во Торино, одржувал угледна позиција во општеството и поседувал богатство, но изгубил голем дел од своите поседи поради шпекулации. Тој за својот син планирал адвокатска кариера, нешто што на Лагранж воопшто не му сметало, така што тој студирал на Факултетот во Торино, каде омилен предмет за изучување му бил латинскиот јазик. Отпрвин тој немал никаков интерес за математика и геометријата ја сметал за доста здодевна.
 
Првиот интерес за математика го покажал на 17 годишна возраст, кога случајно нашол есеј од [[Едмонд Халеј]]. Набрзо потоа започнал со математичките студии, и по само една година непрестаен труд веќе бил квалификуван математичар. [[Чарлс Емануел III]] го назначил Лагранж за “Sostituto del Maestro di Matematica” (заменик професор по математика) на Кралската воена академија на теоријата и практиката на артилерија во 1755, каде што предавал сметање и механика. Тој бил првиот кој предавал сметање во инженерско училиште. Но, според Алесандро Папачино Дантони, познат артилерски теоретичар и воен командант на академијата, Лагранж за жал се покажал како проблематичен професор, со неговиот неразбирлив начин на предавање, како и нетрпеливоста со артилеријата.<ref>{{cite book|last=Steele|first=Brett|title=The Heirs of Archimedes: Science and the Art of War through the Age of Enlightenment|date=2005|publisher=MIT Press|location=Cambridge|isbn=0-262-19516-X|pages=368, 375|authorlink=Military 'Progress' and Newtonian Science|editor=Brett Steele and Tamera Dorland|chapter=13}}</ref>
 
 
 
 
 
 
 
 
== Наводи ==