Вилем Ајнтховен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова статија
 
с →‎Дејност: ситна поправка
Ред 25:
==Дејност==
[[Податотека:Willem Einthoven ECG.jpg|мини|лево|Еден од најпрвите практични електрокардиографи]]
Уште пред Ајнтховен било познато дека [[срце]]то произведува електрични струи, но инструментите од тоа време не можеле прецизно да го измерат овој феномен без поставување на електроди на самото срце. Почнувајќи од 1901 година, Анјтховен создал серија на прототипови на [[жичен галванометар]]. Овој уред имал многу тенок филамент на спроводлива жица која минувала низ многу силни [[електромагнет]]и. Кога струја минувала низ филаментот, [[електромагнетно поле|електромагнетното поле]] предзвикувало жицата да се придвижи. Лесно осветлување врз жицаа предизвикувало сенка врз придвижувачка ролна на фотографска хартија, со тоа создавајќи континуирана крива која го прикажувала движењето на жицата. Оригиналната машина барала ладење на моќните електромагнети со вода и барала 5 луѓе за да ја управуваат, а тежела околу 270 килограми. Оваа направа ја зголемила осетливоста на стандардниот [[галванометар]], така што електричната активност на срцето можело да се регистрира и покрај изолацијата на телото и кожата.
 
Иако понатамошниот развој на техниката овозможиле подобри и помали ЕКГ-апарати, многу од терминологијата што се користи при опис на еден ЕКГ-запис потекнува токму од Ајнтховен. Неговото назначување на буквите P, Q, R, S и T на разните бранови е сè уште во употреба. Поимот [[Триаголниктриаголник на Ајнтховен]] е именуван по него и се однесува на замислениот [[рамностран триаголник]] со средина на градите и темиња кои се стандардните [[електрокардиограм|електрокардиографски одводи]] на рацете и ногата.
 
По развојот на жичениот галванометар, Ајнтховен ги опишал електрокардиографските карактеристики на бројни [[срцева болест|кардиоваскуларни нарушувања]]. Подоцна во животот, Ајнтховен го посветил своето внимание на проучување на [[акустика]]та, особено на срцевите звуци.