Марија Кири: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 15:
== Биографија ==
=== Рани години ===
Родена во Варшава, Полска, во тоа време под власт на Руското Царство, нејзиното детство било тажно, обележано со смртта на нејзината сестра (починала од тифус), а по четири години и на нејзината мајка. Било забележано дека има неверојатно помнење и способност за исцрпувачка работа, занемарувајќи ги дури и храната и спиењето за време на учењето. После матурирањето на само петнаесетгодишна возраст, била потполно исцрпена и била испратена на село за да закрепне. Поради тоа што била женско, како и поради руските (анти-полски) репресии по Јануарското Востание од 1863 година, не и било дозволено да се запише на ниту еден универзитет, така што неколку години била принудена да работи како гувернанта и да го посетува нелегалниот т.н. „Летечки Универзитет“.

=== Новиот живот во Париз ===
Конечно, со финансиска помош од нејзината постара сестра Брониа, се преселила во Париз. Посетувала приватен женски колеџ, а потоа студирала физика и математика на „Сорбона“ и завршила прва во генерацијата, во пролетта 1893 година. Една година подоцна, магистрирала на математика, исто така на „Сорбона“. Под менторство на [[Анри Бекерел]], во 1903 година докторирала на Високата школа за индустриска физика и хемија во Париз, како прва жена – доктор на науки во Франција.
 
На „Сорбона“ го запознала, а подоцна и се омажила за [[Пјер Кири]]. Заедно, ги проучувале радиоактивните материјали, особено минералот [[уранинит]], кој имал необично својство да биде порадиоактивен од ураниумот што се добивал од него. До [[1898]] година, веќе извлекле логично објаснување: минералот сигурно содржел примеси од некоја непозната радиоактивна супстанца, која што била многу порадиоактивна од ураниумот. Така, на 26 декември, Марија Кири го објавила постоењето на оваа нова супстанца. По неколкугодишна непрекината работа, рафинирале неколку тони од минералот, изолирајќи, на тој начин, [[радиум хлорид]] (на 20 април 1902 година), како и два нови хемиски елементи. Првиот го нарекле [[полониум]], во чест на родната земја на Марија, а другиот [[радиум]], поради интензивната радиоактивност.