Стрип: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена во текстот (од 92.53.12.138) и вратена преработката 3287805 на 92.53.12.138
Ред 103:
 
*'''Третата фаза''' од развитокот на стрипот во Македонија го опфаќа периодот од почетокот на седумдесеттите години до денес. Како припадници на иста генерација [[Роберт Дандаров]] и [[Дине Балтаков]], иако едниот од Скопје, а другиот од Струмица, развиле сроден пристап кон стрипот, што се именува како „Поетска фантазија". Својот прв стрип Дандаров го нацртал 1981 година, и го објавил во „Студентски збор" под насловот „Икар". Дандаров е автор и на стриповите „Рембрант", „Фигаро",„Егзекуција", „Кукла" и др. Во декември 1981 година Дине Балтаков го нацртал својот прв стрип „Саем на тутун" што го објавил во „Студентски збор". Најзначајниот претставник на т.н „реалистички тенденции" во третата фаза на стриповите развој кај нас е Ласко Џуровски кој својот прв стрип го реализирал во 1978 година, а година дена подоцна во „Млад борец" го објавил својот „Стрип за малоумни". [[Јорданчо Давидовски]] е вториот припадник на реалистичката тенденција во македонскиот стрип. Тој во 1983 година го изработил својот прв стрип „Убиецот" а автор бил на цртежот за стриповите „Гладијатор", „Повратници" и други. Почетокот на осумдесеттите години за македонскиот стрип биле особено значајни. Новиот авторски бран цртачи, на страниците на младинскиот печат, започнал да ги објавува своите „нови квадрати" донесувајќи го современиот сензибилитет што во бившите југословенски простори (најмногу во Белград и Загреб) се остварил цела една деценија порано, но и заради уште еден интересен феномен: појавата на првата целовита стрип-група, скопската „Туш-лабораторија" во 1982 во која членувале цртачите Игор Тошевски, Камиловски, [[Томислав Османли]], „задолжен" за теорија на стрипот, [[Ванчо Полазаревски]] (сценарист) и цртачот [[Кочо Трајановски]]. Јавувајќи се 1979 година во „Млад борец" со својот стрип „Цезар и Брут", Зоран Јаневски го најавил „андеграунд" стрипот со сите негови побитни карактеристики: од неговиот тематски и идеен интелектуализам, преку цинизмот и анти-дидактичноста, сe до поедноставениот, редуциран цртеж. Јаневски ги објавил уште и стриповите „Штиркачи на кошули", „Грешкиче", „Сфингата и селанецот - нова легенда", „Компјутер" и др <ref>Томислав Османли, Развој на стрипот во Македонија,седум децении стриповно творештво http://www.rastko.rs/cms/files/books/4c293dcfd205f</ref>.
СТРИП ЦЕНТАР НА МАКЕДОНИЈА-ВЕЛЕС
Стрип центар на Македонија со седиште во Велес е формиран во 2002 како продолжение на ДРУШТВОТО НА ЉУБИТЕЛИ НА СТРИП “СТРИП АРТ” (формиран во 1995 г)
Истиот има за цел да го оживее и афирмира македонскиот стрип како внатре така и вон нашата земја, сaкa дa ги организира авторите на стрип во нивната творечка дејност, како и да ги претстави најновите достигнувања од светската и домашната стрип култура пред пошироката јавност и љубителите на стрип во Р.Македонија.
Ресурси : просторија за користење, опрема, компјутер, скенер, принтер, простор за изложби на стрип.
Стрип центарот на Македонија, во рамките на својата работа има оформено четири дејности:
а) Библиотечна дејност (со фонд од повеќе од 6000 стрип наслови),
б) Издавачка дејност (досега отпечатени 16 броја на стрип списанието СТРИП АРТ, 17 броја на стрип магазин КРЕАТОР, три стрип албума
в) Изложбена дејност (изложби: групни, поединечни и по повод на стрип автори) и
г) Едукативна дејност во чии рамки има одржано повеќе стрип работилници со учество на почетници и афирмирани цртачи.
Стрип центарот на Македонија во својата работа ги вклучува и етничките заедници што живеат во Република Македонија преку едуцирање на истите низ гореспоменатите дејности во тајните на стрип уметноста и култура.
Во својата работа, за афирмација на стрип културата и уметност, Стрип центарот на Македонија соработува со други невладини и владини организации на разни проекти.
Досегашни проекти
1) публикувано 16 броја на списание “СТРИП АРТ” со некои специјални броја. Овде излагале стрип автори од сите поранешни ЈУ Републики, додатно и Франција
2) . публикувано и издадено 17 броја на списанието “СТРИП КРЕАТОР
3) публикувана стрип книга “МИС СТОН” на македонски и на англиски јазик
4) публикувана стрип книга “Ајдучка чешма”
5) публикувана стрип книга “Кочо Рацин - живот, песни и смрт"
6) традиционалниот меѓународен стрип салон најреномираната стрип манифестација кај нас .
.Вообичаено ,се организира наесен и се состои од неколку групи на активности:
• гостување на познати имиња од светот на стрипот
Преку оваа активност целта е македонската стрип сцена(автори,оператори, публика, медиуми ...) да се запознае со познати автори од други земји, организатори на фестивали менаџери и др.дејци Во тоа потполно се успеа , ефектите се видливи. Досега гости биле организаторите на стрип фестивали од регионот;фестивалот во Лесковац , фестивалот ЦРШ Загреб, фестивалот во Белград , фестивалот во Призрен ...Македонските стрип автори станаа редовни гости на сите стрип фестивали од регионот и се почесто добиваат награди.
Трендот на повикување на реномирани гости се засили во последниве 3 години .На Салонот во 2011 година, присуствуваа Џамал Игл од ДЦ Комикс ,за кого доволно зборува неговата биографија Тоа се однесува и на Кан Такахама од Јапонија и Фрида Бунзли од Швајцарија , коишто преку наше посредство учествуваа и на Стрип фестивалот во Призрен,Косово. Исто така гости истата година беа Ивица Сретеновиќ од Србија, Гани Сундури од Косово и младата Герта Опараку од неафирмираната стрип сцена на Албанија.
Во 2012 специјален гостин беше Мауро Лауренти ,којшто работи за познатата издавачка куќа БОНЕЛИ. како и Срѓан Николиќ-Пека од фестивалот и училиштето за стрип во Лесковац.
Во 2013 специјални гости беа Јуле Крушке од Германија, Даниел Атанасов од Бугарија, Диана Калугина од Украина како и претставник на Лесковачката школа за стрип „НИКОЛА МИТРОВИЌ КОКАН“
• Доделување на признание за развој и афирмација на македонскиот стрип
Секоја година за време на салонот свое должно внимание добиваат и заслужните дејци преку доделувањето на Признанието за развој и афирмација на стрипот во Македонија , именувано според прерано починатиот доајен Љупчо Филипов.Досега ,лауреати на ова признание се :Миле Топуз, Диме Иванов-Димано, Александар Сотировски, Ване Трајков , неформалната групација „Тајфа Арт“, Томислав Османли, Дарко Марковиќ , Иванка Апостолова., Оливер Ромевски –стрип сценарист и промотер ,како и Стрип Книжара „БУНКЕР“ Скопје
• Меѓународен конкурс за стрип
Радува податокот што добитници на награди се почесто се автори од нашата земја .Ова е само уште еден доказ за растечкиот квалитет на македонскиот стрип но и обврска за нас како организација, за државата .медиумите и јавноста за многу поголема грижа ,афирмација, развој и етаблирање на „деветттата уметност“ кај нас.На досегашните , а посебно на последниот Салон , присуствуваат се поголем број на нови стрип таленти од Македонија. Се создаде голем импулс како меѓу младите од Велес така и од други градови ,
6.) одржани 7 мултиетнички стрип работилници
 
а) МУЛТИ КУЛТИ-учество во програма финансирана од страна на ФИОМ
 
б) проект “Преку стрип до комуникација и дружење” преку програм ИНТЕРЕТНИК – ИЕРСЕ.
 
в) проект “СТРИП ДЕКАДА”.со млади роми и млади од други етникуми од Скопје, Велес, Свети Николе, Кочани и Кавадарци кои твореа на различни теми од “МЕГУНАРОДНА ДЕКАДА НА РОМИ” – образование, човекови права, домување, култура и др.
г) “Ромските права преку стрип” – проект Овде млади роми и нивни млади другари од Велес, Градско и Скопје твореа стрипувани дела на тема “ПОЧИТУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И ЕЛИМИНИРАЊЕ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА КОН РОМИТЕ”
д)„Култура, Роми, Стрип“2009 со млади од ромска и друга припадност од Велес,Прилеп,Скопје ,Ранковце и Берово . Финансирано од страна на СОРОС Будимпешта.
ѓ)„Стрип во мисија на ромска инклузија “2011,За млади ор ромска, македонска и албанска етничка припадност од Велес и Призрен,Косово беше органзирана неколкудневна работилница во с.Нежилово,Велешко.Од нацртаните дела беа организирани изложби во Велес, Скопје, Призрен и Приштина,а беше издаден и мини каталог
e) „СТРИП И ИНКЛУЗИЈА ИН , ДИСКРИМИНАЦИЈА И КСЕНОФОБИЈА АУТ„За млади од македонска, ромска и турска етничка припадност е одржана работилница во с. Нежилово,Велешко ,каде изработија стрип дела. Истите дела се изложени на изложба во Скопје и на наменски сајт www.multitnicscomicstrip.mk
Забелешка: За сите споменати работи заедничко е тоа што после едукативните стрип работилници се организирани изложби во местата од каде доаѓаат младите автори, публикувани каталози со изработените дела, претставување на авторите и организаторите
 
7) Проект “БАЛКАНСКИ СТРИП МОСТ”2007 г. Во склоп на истиот
- одржана тридневна стрип работилница со 18 автори-цртачи 9-12 март
- печатење на 1.200 примероци на специјален број на “Стрип креатор” март
- организирани 6 изложби во Велес, Скопје, Битола, Лесковац, Котор и Загреб пред 2000 публика.(април, мај)
8) Проект “ЦРТАЊЕ НА СТРИП-МУРАЛИ” октомври 2007 и април 2008 финансирано од страна на Општина Велес и Холандска амбасада
9) Проект „НОВИ СТРИП СОСЕДСТВА“ 2009 г финансиран од страна на Европската културна фондација со седиште во Амстердам.
 
 
=== Промоција на стрипот во Македонија ===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Стрип