Страдањата на младиот Вертер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена во текстот (од 89.205.21.99) и вратена ревизијата 2982298 на Addbot
Ред 3:
 
== Инспирација ==
Ова дело има своја подлога од животот наda [[Јохан Волфганг фон Гете|Гете]]. Во [[1772]] година тој се пресеилил во [[Вецлар]], каде работел како писар, и требало по желба на татка си да се оддаде на [[право|правничката]] кариера. Во [[роман]]от ја опишал [[крал]]ската [[суд]]ска [[институција]] во која работел. Таму тој се запознал со двајцата секретари Кестнер и Јерусалем. Меѓу нив се случила историјата што послужила како основа за делото.
 
Кестнер тајно се верил со 15 годишната Лота, која [[Јохан Волфганг фон Гете|Гете]] ја запознал и се вљубил во неа. Но кога дознал дека е вереница на пријателот, се обидел да ги контролира своите чувства, и тие продолжиле да другаруваат, иако Кестнер и Лота забележале што се случува во душата на поетот. Во моментот кога [[Јохан Волфганг фон Гете|Гете]] веќе не бил во состојба да се бори со себе, заминал од [[Вецлар]], оставајќи му трогателно [[писмо]] на својот пријател. Се вратил во [[Франкфурт на Мајна|Франкфурт]], и додека се обидувал на своите впечатоци да им даде уметничка форма, добива вест за [[самоубиство]]то на Јерусалем. Сето ова послужило како тема на познатиот [[роман]].