Мафија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Мафија''' е [[италија]]нски збор, кој се користи за означување на организирани криминални банди, гангстери, поточно за таквите организации од [[остров]]от [[Сицилија]]. Сицилијанската мафија исто така е позната како „Коза Ностра“ (Cosa Nostra) односно „Наша работа“ и се појавила во XIX век. Тоа е лабава асоцијација на криминални групи кои споделуваат заедничка организациска структура и код на однесување. Секоја група, позната како „семејство“ или „фамилија“, „здружение“, „клан“ или „коска“ (cosca) смета дека има суверенитет врз територијата на која [[рекет]]ира — обично град или село или населба (borgata) од поголем град.
 
Гранки на мафијата се појавиле во САД во текот на доцниот XIX век, по брановите италијанска емиграција, како и во Канада и Австралија.<ref>[http://www.time.com/time/magazine/article/0,9171,897088,00.html Omerta in the Antipodes], Time, 31 јануари 1964.</ref> Поимот „Мафија“ исто така се користи за организациите од сличен тип што работат под слична структура, без разлика дали се од Сицилија или не, како [[Камора]], ’Ндрангета, Стида или Сакра Корона Унита, како и неиталијански организирани групи.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Мафија