Демократски социјализам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 34 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q189280 (translate me)
сНема опис на уредувањето
Ред 10:
При поделбата на дотогаш единствените социјалдемократски партии по [[Прва Светска војна|Првата светска војна]], се кристализираа три позиции: десницата, која го задржа називот социјалдемократија, левицата, чии приврзаници се нарекоа комунисти и центар, кого го претставуваа левите социјалисти. Најпознати леви социјалисти во тоа време беа [[австромарксизам|австромарксистите]], а истакнат лево-социјалистички проект претставуваше [[гилдски социјализам|гилдскиот социјализам]] во Британија на [[Г. Д. Х. Кол]].
 
По Втората светска војна, како застапници на левиот (демократскиот) социјализам се истакнуваа три партии, кои беа нарекувани автономни социјалистички: СП Италија, СП Јапонија и СП Чиле. Последната партија стана многу позната кога во 1970 за претседател на Чиле беше избран нејзиниот лидер, [[Салвадор АљендеАлјенде]].
 
Кон крајот на 50-тите и на почетокот од 60-тите се јави незадоволство во некои социјалдемократски и комунистички партии, кои се отцепија од матичните партии и формираа лево-социјалистички партии. Од тоа време потекнуваат Социјалистичката левичарска партија на Норвешка и Социјалистичката народна партија на Данска, претставници на таканаречениот „[[народен социјализам]]“.