Инквизиција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Galileo before the Holy Office.jpg|thumb|right|350px|Галилео Галилеј одговара пред Инквизицијата]]
'''Инквизиција''' ([[латински]]: ''Inaquisittio'' - иследување) — група установи на [[Римокатоличката црква]] кои имале за задача да иследуваат, судиат и казнуваат луѓе кои што црквата ги сметала за [[ерес|еретици]]. Почетокот на работата на иквизицијата се поврзува со [[папа Грегориј IX|Грегориј IX]] (1227-1241), кој со папски декретуказ ја основал на [[29 август]] [[1289]] година. Дејствувала во средниот век во сите земји на [[Западна Европа]], а особено крвава и немилосрдна била озлогласената [[шпанска инквизиција]].
 
Во [[1232]] година папата ги испратил инквизиторите во [[Франција]] под изговор дека тамошните епископи имаале премногу други обврски и затоа не можеле во целост да се посветат на борбата со еретиците. Окосница на инквизицијата отсекогаш биле [[Доминиканци]]те поради наводниот факт што добро знаеле како да ги убедуваат отпадниците од црквата. Иследувањето на еретиците, и воопшто осомничените, го помагала и државната власт. На почетокот, инквизицијата не била организирана по територијален принцип, туку делувала по потреба. Покасно ова судство било организирано по региони. [[Папа Инокентиј IV|Инокентиј IV]] на [[15 мај]] [[1252]] издал [[папска була]] под наслов “[[Ad exstirpanda]]” која експлицитно дозволувала мачење при изнудување на признание од наводните еретици во текот на инквизицијата, и експлицитно простувала пракса на убивање на повредени еретици, со палење на [[клада]]. Булата отстапувала дел од имотот на државата конфискуван од осудениците.