Двегодишно растение: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:Parsley Curled.jpg|мини|десно|[[Магдонос]]от е двегодишно растение.]]
 
'''Двегодишно растение''' е [[цветно растение]] чиј животен циклус трае две години. Во првата година растението развива [[лист (ботаника)|листови]], [[стебло|стебла]] и [[корен|корења]] (вегетативни елементи), а потоа мирува во студените месеци. Стеблото обично е мошне кусо, а листовите се наоѓаат ниско до земјата, образувајќи розета. Многу од нив бараат да бидат изложени на студ ([[јаровизација]]) за да можат да процветаат. Во текот на следната пролет или лето, стеблото во голема мера се издолжува. Потоа растението цвета и раѓа плодови и [[семе]], па умира. Во природата постојат далеку помалку двегодишни отколку [[повеќегодишно растение|поевќегодишни]] и [[едногодшно растение|едногодишни растенија]].
 
Под крајно лоши услови, двегодишното растение може да го изживее циклусот за многу кратко време (3-4 месеци). Ова е честа појава кај зеленчуков и цветен расад изложен на студ пред да биде насаден. Поради ова, многу двегодишни растенија во некои региони се третираат како [[едногодшно растение|едногодишни]].