Александар III Македонски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 37:
 
== Детство ==
[[Податотека:Alexander-Statue-Skopje.jpg|250px|мини|десно|Споменикот на Александар на плоштадот во Скопје]]
Александар се родил од бракот на [[Филип II Македонски|Филип]] со [[епир]]ската принцеза [[Олимпија]] во 356 п.н.е. на почетокот на месецот [[хекатомбајон]] кој [[Македонци]]те го нарекувале [[лоос]] и тоа во шестиот ден, кога во [[Ефес]] е запален и храмот на [[Артемида]]. Плутарх наведува дека неговото раѓање им било претскажано на Филип и Олимпија. Имено, Олимпија сонувала дека еден гром удрил во нејзиното тело и целата ја запалил. Разбирливо, нејзиниот мистичен ум веднаш го поврзал громот со Зевс (Зевс-Амон, Зевс-Најос) и истиот го сметала како израз на личниот интерес на овој бог-заштитник за нејзиното семејство и нејзината идна плодност. Филип пак, сонувал сон во кој ја запечатил утробата на Олимпија со еден печат на кој имало отпечаток со лав. Кога му ги раскажале соништата на дворскиот пророк Аристандар од Телмес, тој веднаш заклучил дека Олимпија е бремена и носи дете кое ќе има лавовски карактер. Истиот ден кога се му се родил првиот син, кај Филип стигнале гласници кои го известиле за победата над [[Илири]]те и за победата на неговиот коњ на [[Олимписки трки|Олимписките трки]].