Александар III Македонски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 24:
|}}
{{Најголеми освојувачи во историјата на човештвото}}
'''Александар III Македонски''', попознат како „'''Александар Велики'''“ ({{lang-grc|Ἀλέξανδρος ὁ Μέγας}}, {{lang-la|Alexander Magnus}}, кај блискоисточните народи „''Искендер Зулкарнејн''“; [[Пела]], [[356 п.н.е.|356]] – [[Вавилон]], [[10 јуни (починале)|10]]/[[11 јуни]] [[323 п.н.е.|323 пр. н.е.]]) — [[Антички Македонци|македонски]] крал од династијата [[Аргеади]], син на [[Филип II Македонски]] и [[Олимпија]], ќерка на молоскиот владетел Неоптолем. [[Римјани|Римјаните]] му го дале прекарот ''Magnus'', „великиот освојувач на светот“.
 
Бил воспитуван во духот на македонската аристократска традиција. На тринаесетгодишна возраст бил подучуван од филозофот [[Аристотел]] во место [[Миеса]] (близу до [[Бер]]). Неговото образование ги опфаќало: [[поезија]]та, [[астрономија]]та, [[геометрија]]та, [[реторика]]та, натпреварите во гимнастички вежби, јавањето и ловот. На шеснаесетгодишна возраст, Филип му го доверил управувањето над [[Античка Македонија|Македонија]], додека тој била во поход против [[Бизантион]]. Првиот поход на Александар бил против [[Мајди]]те, племе во горниот тек реката [[Стримон]], кога ја извојувал првата воена победа и го основал град под името Александрополис, прв од многуте кои подоцна ги подигнал. На осумнаесетгодишна возраст учествувал во славната [[Битка кај Херонеја (338 пр. н.е.)|битка кај Хајронеја]], заедно со својот татко Филип, кога здружените сили на [[ Грци|Хелените]] биле разбиени. По убиството на Филип, Македонското собрание го прогласило за владетел на Македонија. Како македонски крал, неговата прва воена акција била насочена против хеленските полиси кои се обиделе да ја отфрлал македонската власт. Александар ги принудил да го потврдат [[Корински договор|Коринскиот договор]], според кој тој ја наследува титулата ''Хегемон на Хелените''. Во [[335 п.н.е.]], ги поразил [[Трибали|Трибалите]] и нивните сојузници [[Гети|Гетите]] и преку илирската територија се спушил во Хелада, каде што започнало ново востание насочено против македонската власт, потикнато од [[Демостен]], со центар во [[Теба]]. Александар ги поразил Тебанците и ја принудил [[Атина]] да го прифати понудениот мировен договор.