Петар Велики: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ја заменувам страницата со 'Петар4е Велики'
Ред 1:
Петар4е Велики
{{Инфокутија за монарх
| name = Петар Велики
| title ='''Цар на Русија'''
| image =Peter der-Grosse 1838.jpg
| caption = Петар Велики
| reign = [[7 мај]] [[1682]] - [[8 февруари]] [[1725]]
| coronation = [[25 јуни]] [[1682]]
| othertitles =
| full name = Петар Алексеевич Романов
| predecessor = [[Фјодор III]]
| successor = [[Екатерина I]]
| suc-type =
| heir =
| consort =
| spouse 1 = [[Евдоксија Лопухина]], [[Екатерина I|Марта Скавронскаја]]
| spouse 2 =
| spouse 3 =
| spouse 4 =
| spouse 5 =
| spouse 6 =
| issue =
| royal house = Романови
| dynasty =
| royal anthem =
| father =
| mother =
| date of birth = {{роден на|9|јуни|1672}}
| place of birth ={{роден во|Москва}}
| date of death = {{починал на|8|февруари|1725}}
| place of death = {{починал во|Санкт Петербург}}
| date of burial =
| place of burial =
|}}
'''Петар I Алексеевич''' или '''Петар Велики''' ([[руски јазик|руски]]: ''Пётр I Алексеевич''; ''Пётр Великий'') ([[Москва]], [[9 јуни]] [[1672]] — [[Санкт Петербург]], [[8 февруари]] [[1725]] според [[Грегоријански календар|грегоријанскиот календар]], или [[30 мај]] [[1672]] — [[28 јануари]] [[1725]] според [[Јулијански календар|јулијанскиот календар]]) — [[цар на Русија]] кој владеел со неа од [[7 мај]] ([[27 април]] според јулијанскиот календар) [[1682]], па сѐ до својата смрт во [[1725]].
 
На престолот дошол по многу дворски интриги и завери. На почетокот владеел заедно со својот слаб и болен полубрат [[Иван V]], кој умрел во [[1696]]. По Ивановата смрт, кога станал цар на Русија, Петар немилосрдно ги задушул сите отпори против него, па дури и во неговото семејство.<ref name="HyV">-{Martínez Laínez F. Pedro I el Grande. Historia y Vida; 38(461):64-73.}-</ref>.
 
Петар владеел сам до [[1724]] година, а потоа владеел заедно со својата сопруга [[Екатерина I]]. Тој бил модернизатор на заостанатата [[феудализам|феудална]] Русија на воен и економски план, а во исто време водел и експанзионистичка политика, главно кон земјите кои излегувале на море. За време на своето владеење, Петар ја претворил Русија во водечка [[Европа|европска]] сила во тоа време<ref name="HyV"/>. Ја одбил титулата [[цар]] во [[1721]] и ја заменил со титулата „император“
 
== Детство ==
[[Податотека:Two tsars.jpg|мини|300п|Крунисувањето на Петар и Иван, [[литографија]] на [[Илја Репин]] од [[1900]]]]
Петар бил син на рускиот цар [[Алексеј I]] и неговата втора жена [[Наталија Наришкина]]. Алексеј I од првиот брак со [[Марија Милославскаја]] имал 5 синови и 8 ќерки, од кои само два сина: [[Фјодор III]] и Иван биле живи, кога Петар се родил. Алексеј I имал уште две ќерки со Наталија Наришкина пред да умре во [[1674]], година во која го наследил најстариот син [[Фјодор III]]<ref name="1.2">[http://www.znanje.org/i/i21/01iv10/01iv1022m/period%20neprosvjecenosti.htm Петар Велики. Периодот на преродбарта на царска Русија. -{www.znanje.org}-]</ref>.
 
Фјодор владеел шест години и умрел од [[скорбут]]<ref name="HyV"/>. Поради тоа што немал деца, избиле конфликти за тоа кој има право да го наследи престолот, дали семејството на Алексеевата прва жена Марија или пак семејството на неговата втора жена Наталија.<ref name="1.2"/>. Правно гледано, Иван бил следниот владетел по наследна линија, но бил физички и ментално неспособен да ја преземе должноста на цар<ref name="HyV"/>, а и болјарите не сакале власта да биде во рацете на припадник на семејството Милославски. [[Бојари|Бојарската дума]] во договор со патријархот го именувале десетгодишниот Петар за цар, заедно со неговата мајка како регент, против што се побунило Ивановото семејство, на чело со неговата сестра [[Софија Алексеевна]]<ref name="1.2"/>. Под нејзино влијание, во тоа време се појавил и проблемот со „стрелците“ (елитни руски воени единици во тоа време). Елитните руски воени единици влегле во дворот, го ограбиле и пред очите на Петар убиле многу болјари, меѓу кои и двајца постари браќа на неговата мајка Наталија<ref name="HyV"/><ref name="1.2"/>. Петар и неговата мајка биле присилени да се повлечат додека Софија не го преземала местото на регент над заедничкото владеење на Петар и Иван.<ref name="1.2"/>.
 
== Младост ==
[[Податотека:Young_Peter_the_Great_of_Russia.jpg |мини|200п|лево|Петар на десет години. Портрет од 17 век]]
Додека Софија била регент, Петар со својата мајка и луѓето кои му биле блиски живеел во дворците во околината на Москва, а најмногу во селото Пребраженско,<ref name="2.1">[http://www.znanje.org/i/i21/01iv10/01iv1022m/poceta%20uprave.htm Петар Велики. Почеток на владеењето на Петар Велики. -{www.znanje.org}-]</ref> каде што времето го поминувал вежбајќи и обучувајќи се во воените вештини со своите другари. Со тек на време, тој формирал своја воена единица, составена од војници, кои му биле верни, кои ги нарекол „Преображенски“ и „Семјоновски“<ref name="2.1"/>, според дворците во кои живеел со својата мајка. Неговите луѓе го сакале и му биле верни, бидејќи тој ги сметал за пријатели и многу добро постапувал со нив. Голема љубов и интерес имал во изградбата на бродови и пловидбата воопшто, на што го нучил еден Холанѓанец, кого го запознал во „германската населба“, сместена надвор од градот, каде живееле странци<ref name="HyV"/>.
 
Во [[1689]] година, мајка му организирал свадба со [[Евдокија Лопухина]]. Но, бракот не бил како што треба, па по 10 години, Петар ја принудил сопругата да се откаже од бракот и да се замонаши<ref name="HyV"/>.
 
Кога Петар наполнил 17 години, Софија сфатила дека и се заканува опасност, па започнала да врши промени на дворот, заедно со стрелците. Кога дознал за намерите на Софија, Петар заминал во манастирот св.Троица Сергеевска, а потоа ги повикал своите два полка, кои биле дел од некои одреди на војската и од стрелците. Софија била сменета на престолот и затворена во женски манастир<ref name="2.1"/>.
 
Сепак, вистинската власт била во рацете на Петровата мајка Наталија Наришкина, така што Петар сѐ уште не можел да оствари апсолутна власт. По смртта на неговата мајка, во [[1694]], Петар станал вистински независен владетел. Формално, Иван ја делел власта со него, но без значајно влијание. По Ивановата смрт (1696), Петар и легално станал единствен владетел.
 
Во меѓувреме, тој продолжил да ја посетува германската населба, каде што многу добро се запознал со западниот менталитет и западните обичаи. Тука ги запознал и своите два најдобри другари: [[Шкотска|Шкотланѓанецот]] Патрик Гордон ([[анг.]] Patrick Gordon), авантурист кој се занимавал со изнајмување на знамињата на другите земји и [[Швајцарија|Швајцарецот]] Франц Лефорт ([[фр.]] Franz Lefort), војник, кој служел во руската војска<ref name="HyV"/>. Петар и понатаму организирал воени воени маневри, а на Переславското езеро изградил воен брод со мал број на помошници. Затоа отишол во Архангелск, каде за прв пат во животот видел бродови и пловидба на море<ref name="2.1"/>.
 
Русија во тоа време имала 13 милиони жители и била многу заостаната. Најголем број од нејзините жители биле селани (кметови), а бројот на благородници и граѓани бил многу мал<ref name="2.1"/>. Буржоазијата, едвај постоела. Трговијата, која ја вршеле странците, се состоела во размена на западноевропски фабрички производи со руски суровини, а градовите речиси и да не постоеле, бидејќи имало големи села.<ref name="2.1"/>
 
== Почеток на владеењето ==
Годината [[1695]] била особено значајна во животот на Петар. Во неа, тој започнал да владее самостојно. Нему му било многу јасно дека Русија не може да се носи со големите европски сили, ако не ја надмине својата заостанатост. Во прв ред, тој се стремел на Русија да и обезбеди излез на море<ref name="HyV"/>и да ја наруши културната и економска изолираност со другите европски земји.<ref name="2.1"/>
 
Во тоа време, Русија имала излез, само на [[Бело Море (Русија)|Белото Море]]. [[Шведска]] го контролирала [[Балтичко Море|Балтичкото Море]], а контрола над [[Касписко езеро|Каспиското езеро]], Петар можел да добие само ако ги потиснел [[Татари]]те од околните места. Затоа, тој бил принуден да војува со нив на [[Крим]], кој во тоа време бил под [[Османлиско царство|Османлиска власт]]. Негова главна цел била да го заземе градот [[Азов]], којшто во тоа време бил османлиско утврдување на реката [[Дон]]. Летото [[1695]], Петар го нападнал [[Азов]], но нападот бил одбиен. Во ноември истата година, Петар, поучен од неуспехот изградил мала флота во Вороњеж,<ref name="2.1"/> чија команда му ја доверил на Лефорт, кој во јули [[1696]] го зазел градот Азов,<ref name="HyV"/> со што Русија добила излез на [[Азовско Море|Азовското]] и [[Црно Море|Црното Море]].<ref name="2.1"/>
 
=== Патот во Европа и побуната на „стрелците“ ===
[[Податотека:Sofiarepin.jpg|мини|200п|[[Софија Алексеевна]] ([[1698]]), масло на платно ([[Илја Репин]], [[1879]])]]
За да го задржи Азов, Петар сфатил дека мора да формира голема флота, за чија изградба не располагал со доволно инженери, како ни морнари ни поморски офицери. Тој, веднаш испратил на обука за поморство, навигација и бродоградба стотина болјари во [[Англија]], [[Холандија]] и [[Италија]].<ref name="2.1"/> Кога се дознало дека и самиот цар сака да патува во странство, некои водачи ([[Козаци]]), како и некои „стрелци“ имале во план да го убијат, меѓутоа Петар го откриил заговорот на време и жестоко се пресметал со заговорниците. Стотина заговорници биле однесени на [[Кремљски плоштад|Кремљскиот плоштад]] каде што биле запалени или им била отсечена главата<ref name="HyV"/>.
 
Дознавајќи и интересирајќи сѐ повеќе за западниот начин на живот и западната технологија, Петар во 1697, тргнал на пат за Европа, придружуван од бројна делегација на советници (т.н. „Голема амбасада“). Тој сакал, што е можно подобро да се запознае со обичаите на западните земји зада може да ги примени во својата земја. Патувал како Петар Михајлович<ref name="HyV"/>, иако на дворот кој го посетувал неговиот вистински идентитет бил познат и добуивал третман достоен за неговата позиција. Одредено време работел како дрводелец и бродоградител во [[Амстердам]], а подоцна и во Англија, во близина на [[Лондон]]. Ги посетил главните градови на [[Германија]] и [[Австрија]], а разговарал и со британскиот крал [[Вилијам III] и се запознал со англиското општество, за кое Петар сметал дека е над сите, бидејќи никогаш не се видело кралот да пуши и пие по крчми, заедно со морнарите<ref name="HyV"/>. Петар патувањето го искористил и за да изнајми стотици техничари и офицери од странство, кои требале со своите знаења да помогнат во [[Руска империја|Русија]]. Петар се стекнал и со големо знаење во областа на [[бродоградба]]та и [[картографија]]та.
 
Од друга страна, Петар сакал да се обиде да добие помош и подршка од европските владетели во борбата против моќното [[Османлиско царство]]. Меѓутоа неговите надежи станале јалови; Франција била традиционален сојузник на османлискиот султан, а Австрија настојувала да одржува мир на истокот за да може да војува на западот. Освен тоа, Петар избрал прилично лош момент за својата дипломатска офанзива: во тоа време Европа повеќе размислувала за тоа, кој ќе застане на шпанскиот престол, по смртта на кралот [[Карлос II од Шпанија|Карлос II]], отколку да војува со Османлиската империја.
 
Неговата посета, изненадувачки била прекината во [[1698]] година, кога поради побуната на „стрелците“, бил принуден да го прекине своето патување низ Европа и да се врати во Русија. Меѓутоа, побуната била лесно задушена, дури и пред Петар да се врати дома. Тогаш, Петар останал во [[Полска]], каде се запознал со полскиот крал [[Август II]], со кого склучиј сојуз пред престојната војна со Шведска, чија цел била Русија да обезбеди излез на [[Балтичко Море|Балтичкото Море]].
 
=== Првите реформи ===
[[Податотека:Peter_de_Grote.jpg|мини|лево|200п|Петар Велики, портрет ([[Жан Марк Натие]], [[1717]])]]
Кога се вратил во Москва, Петар најпрвин се пресметал со побунетите. „Стрелците“ како воена формација биле распуштени, а многу од нив биле мачени, биле закопувани живи и испраќани во Сибир<ref name="HyV"/>. Самиот Петар учествувал во мачењето на неговата полусестра Софија<ref name="HyV"/>, која била доживотно затворена во манастир. Тој исто така го завршил својот 17-години неуспешен брак. Ја натерал Евдокија да се откаже од бракот и да отиде во манастир<ref name="HyV"/>. Таа на Петар му родила 3 сина, а само еден, Алексеј преживеал, кој на 8 години бил одвоен од својата мајка. Односите меѓу таткото и синот биле сѐ полоши. Алексеј ја одбивал секоја послушност на царот, а Петар скоро секој ден го тепал<ref name="HyV"/>.
 
Петровата посета на западна Европа го уверила дека многу европски обичаи биле понапредни од традиционалните руски. Затоа, тој им заповедал на своите чиновници да ги избричат брадите за да изгледаат според најновата европска мода<ref name="HyV"/>. Ова наредба не важела само за свештениците, обработувачите на земја и кочијашите<ref name="2.1"/>. На болјарите им наредил да ги скратат своите долги ракави и кафтаните (традиционална московска долна облека). На еден прием, кој го приредил по враќањето од странство, со ножички им ја сечел брадата на благородниците, без оглед на тоа што во Русија носењето на брада имало и верско значење и што црквата забранувала бричење на брадата<ref name="2.1"/>.
 
Ова не биле единствените промени, кои ги вовел во руското општество. Веројатно поучен од своето искуство, Петар сметал дека договорените бракови со варварски обичај<ref>-{Basil Dmytryshyn, Modernization of Russia Under Peter I and Catherine II (Wiley, 1974) p.21}-</ref> и треба да се забранат, протв волјата на идните сопружници и прогласил, задолжително идните сопружници да бидат верени најмалку шест седмици, време во кое би можеле слободно да се гледаат и подобро да се запознаат<ref name="HyV"/>. Исто така им наредил на своите дворјани да приредуваат забави според европски обичаи, а жените од високите сталежи морале да одат на собири, со што била отстранета традиционалната изолираност на жените која што постоела до тогаш<ref name="2.1"/>.
 
Петар I извршил реформи и во војската, според западните стандрди. На благородништвото му наредил задолжителна служба на државата, како во администрацијата, така и во војската, а воената хиерархија ја уредил така што унапредувањето било вршено според заслугите, а не потеклото. Така, секој којшто имал големи заслуги бил унапредуван, а можел да достигне и високи воени чинови<ref name="HyV"/>. Тој, исто така вовел и задолжителна воена служба, со што создал војска од 300.000 постојани војници, морнарица и резервисти.
 
За да може да издржува толку бројна војска, тој морал да изврши промени и во земјоделството и индустријата. Изградил и отворил многу нови фабрики, бродоградилишта и работилници, кои имале привилегии и државни субвенции. Петар создал економски ситем, во кој сѐ му било подредено на владетелот. Царот имал монопол над основните производи, како што биле катранот, кожата и свилата од Сибир<ref name="HyV"/>. Работната сила била обезбедувана, така што на трговците и сопствениците на фабрики и рудници им било дозволено да купуваат цели села, со сите нивни жители, кои морале да работат на имотот на господарот.
 
Црквата, исто така претрпела промени. Патријархот на руската црква бил заменет со синод, кој бил под директна контрола на царот<ref name="HyV"/>.
 
Во 1699, Петар го напуштил традиционалниот руски календар, во кој годината започнувала на [[1 септември]] и го прифатил [[јулијански календар|јулијанскиот календар]], каде годината започнува на [[1 јануари]].
 
== Создавање на руската империја ==
Од доаѓањето на власт, па сѐ до неговата смрт, Петар без прекин водел војни, од кои зависела целата негова политика. Тој војувал против [[Османлиско царство|Османлиското царство]] во 1695, 1696 и 1711. Во 1696, Петар го освоил пристанишниот град [[Азов]] и на Русија ѝ осигурил излез на [[Црно мопре|Црното Море]], за подоцна во [[1711]] да се изгуби во мировни преговори со Османлиското царство. Тој војувал и против [[Персиско царство|Персија]], со што освоил и територии на западниот и јужниот брег на [[Касписко езеро|Каспиското езеро]]. Тие територии, Русија ги загубила многу бргу по неговата смрт. Меѓутоа најважна од сите војни кои ги водел, била онаа против [[Шведска]], која траела 21 година (1700-1721)<ref name="3.1">[http://www.znanje.org/i/i21/01iv10/01iv1022m/obrazovanje%20ruske%20imperije.htm Петар Велики. Создавање на Руската имоерија. -{www.znanje.org}-]</ref>.
 
=== Големата северна војна ===
{{main|Голема северна војна}}
[[Податотека:ZauerveydNA Petr1UsmirDA19.jpg|мини|десно|300px|''Петар Велики ги смирува своите пљачкосувачки трупи по заземањето на Нарва во 1704'' од [[Николај Зауервајд]], 1859]]
Решен да ѝ обезбеди на Русија излез на Балтичкото Море, а со тоа и излез кон западна Европа, Петар склучил мир со Османлиското царство<ref name="HyV"/> и ѝ објавил војна на Шведска, со која тогаш владеел кралот [[Карло XII]]. Русија основала коалиција, во која влегле [[Данска]], [[Полска]], [[Бранденбург]] и [[Хановер]]<ref name="3.1"/>. Добро подготвената шведска војска, лесно го спречила првиот руски обид за заземање на брегот на Балтичкото Морето со победата во [[битката кај Нарва|битка кај Нарва]] во [[1700]] година.Во опсадата на Нарв, очигледни биле многу недостатоци на руската војска во поглед на организацијата, воената техника и снабдувањето. Карло XII за половина час со своите 12.000 војници ја победил побројната руска војска од 40.000 војници, заробувајќи многу плен и целата руска артилерија<ref name="3.1"/>.
 
Наредните години, Русија не се осмелила повторно да ја нападне Шведска, така што Шведска морала да се насочи кон освојување на Полска и Прусија. Петар се оддал на реорганизирање на својата војска и изградил флота. За да надомести за изгубената артилерија, тој наредил, од секоја трета црква во Русија да се откинат ѕвоната и да се претворат во топови<ref name="3.1"/>. Војската била организирани според западноевропски пример, а била воспоставена и воена обврска. Благородниците веќе не можеле во таа војска да станат офицери, додека не се стекнеле со стаж на обични војници. Странските војници и офицери биле заменети со Руси.
 
Засилената руска војска ја освоила денешна [[Естонија]], но Карло XII и покрај тоа, ги продолжил војните против Полска и Прусија. Во периодот од 1701 до 1704, Петар заземал доста утврдувања и градови на брегот на [[Балтичко Море|Балтичкото Море]]: [[Дерпт]], [[Нарва]] и [[Иванград]], а на [[Ладога|Ладошкото езеро]] изградил бродоградилиште и започнал со изградбата на флота, потребна за поморската војна против Шведска<ref name="3.1"/>.
 
На освоените територии во шведската покраина [[Ингрија]] во 1703, Петар основал град, кој го нарекол [[Санкт Петербург]] (по апостолот [[Свети Петар]]) и кој подоцна станал престолнина на [[Руска империја|Руската империја]]. Петар забранил изградба на камени градби надвор од границите на градот, па така сите мајстори можеле да учествуваат во подигнувањето на новиот град, кој набргу станал престолнина на Русија<ref name="HyV"/>. Во тоа време, љубовница на Петар му станала [[Екатарина I|Марта Скавронска]], која го прифатила [[православие]]то и го променила името во Екатерина. Таа наводно, тајно се омажила за Петар во [[1707]].
 
Претрпувајќи неколку тешки воени порази, полскиот крал [[Август II]] во 1706 абдицирал. Карло XII ја нападнал Русија во [[1708]] година. Во јули истата година, во [[Битка кај Головкин|битката кај Головкин]] Русите доживеале пораз. Сепак во битката кај Лесној<ref name="HyV"/> Карло го доживеал својот прв пораз, и тоа откако Петар го пресретнал и уништил засилувањето, кое за Шведска тргнало од [[Рига]]. Обесхрабрен од овој пораз, Карло бил принуден да го откаже планираниот поход на Москва, меѓутоа не се повлекол во Полска или Шведска, туку тргнал кон [[Украина]]. Вештиот маневар на Петар овозможил руската војска на југ да ги уништии сите залихи на храна, кои Швеѓаните требале да ги користат на походот за Украина. Во недостатокот на храна и облека, шведската војска била уништена во зимата 1708/9.
[[Податотека:Lomonosov Poltava 1762 1764.jpg|мини|лево|300п|Битката кај Полтава, [[мозаик]] од [[Михаил Ломоносов]] (1764) Санкт Петербург. Руската Академијата на науките]]
Есента [[1709]], Швеѓаните се откажале од освојувањето на Украина и навлегле во Русија. Битката, која двата крала со нетрпение ја очекувале се одиграла на [[27 јуни]] кај [[Битка кај Полтава|Полтава]]. Петар, во таа битка, со засилувањето и модернизацијата на неговата војска од претходните години, со загуба од околу 10.000 војници целосно ја разбил шведската војска. Август II се вратил на престолот на Полска, а Карло бил принуден да избега во до тогаш неутралната Османлиска империја, каде се обидел и успеал да го придобие султанот [[Ахмед III]], кој и објавил војна на Русија<ref name="HyV"/><ref name="3.1"/>.
 
Во 1711, Петар ги нападнал Османлиите во Молдавија и Бесарабија. За време на неговото отсуство, Думата се засилила, што на Петар не му се допаднало, па ја распуштил и формирал Сенат составен од 10 членови. Неговиот поход на Османлиската империја се покажал како големо промашување, така што бил принуден да потпише мировен договор, со кој ги вратил сите пристанишни места заземени во 1697 година<ref name="HyV"/>. За возврат, султанот го протерал Карло од неговата империја.
 
Руската војска на север ја зазела шведската покраина [[Ливонија]] (северен дел од денешна [[Латвија]]) и ги потиснала Швеѓаните во [[Финска]]. До 1714, Русите ја окупирале речиси цела Финска, благодарение на фактот дека руската царска морнарица била многу посилна од шведската. Во тие походи, сојузници на Русија биле и [[Хановер]] и [[Прусија]]. И покрај тоа, Карло одбил да се предаде, така што мир бил склучен дури по неговата смрт во [[1718]] година. Швеѓаните, доследно се придржувале кон одредбите пропишани во мировниот договор, но Русите започале тоа да го прават дури од 1720. Во 1721, била потпишана [[Ништадска спогодба|Ништадската спогодба]], со која конечно завршила [[Голема северна војна|Големата северна војна]]. Русија ги добила [[Ингрија]], [[Естонија]], [[Латвија]]<ref name="3.1"/> и значаен дел од [[Карелија]], со што била остварена целта, да се обезбеди излез на Балтичкото Море. За возврат, Русија на Шведска и платила два милиони [[риксдалер]]и и се откажала од најголемиот дел од Финска. На царот, се разбира му било дозволено да ја задржи територијата на Финска, во близина на Санкт Петербург, кој во [[1712]] станал престолнина на Русија.
 
По [[Ништадска спогодба|Ништадската спогодба]], Сенатот на Петар му ја доделил титулата „император и самодржец серуски“. Бил наречен и „Татко на татковината“ и „Велики“, а Русија започнала да се нарекува „[[Руска империја]]“, а Петар ја заменил титулата „император на цела Русија“<ref name="3.1"/>.
 
=== Основањето на Санкт Петербург ===
[[Податотека:Санкт-Петербург, 1903.jpg|мини|250п|лево|Географска карта на Санкт Петербург од 1903]]
[[Санкт Петербург]] е основан на [[27 мај]] [[1703]] година, откако Русија ја освоила [[Ингерманланд]] од Шведска и со тоа излегла на море. Создавањето ан Санкт Петербург од една страна значело отворање на [[Руска империја|Русија]] на [[економија|економски]], [[политика|политички]] и интелектуален план во [[Европа]], а од друга страна, признавање на Русија во светот како воена и поморска сила<ref name="HyV"/>.
 
Спротивно од старата престолнина [[Москва]], која целата била изградена од дрво и која била олицетворение на старата руска традиција, [[Санкт Петербург]] бил изграден од [[камен]] и [[кал]] и бил олицетворение на модерен град во европски стил и претставувал победа на техниката над [[природа]]та<ref name="HyV"/>.
 
Петар Велики ја финансирал изградбата на новата престолнин, а илјадници селани биле преселени за да ја забрзаат неговата изградба. Исто така, и затворениците биле присилени да работат во изградбата на градот. За да би можеле сите каменоресци и ѕидари да работат во Санкт Петербург, било забрането надвор од градот да се градат камени градби<ref name="HyV"/>.
 
Почетниот план предвидувал мрежа на авении, кои се вкрстувале под прав агол се формирале мали канали, со пресекот на реката Нева. Поради тоа, градот Санкт Петербург бил наречен „Северна Венеција“, иако царот можеби претходно на ум го имал градот Амстердам, град кој го посетил во младоста. Влажната клима и непогодното земјиште ја отежнувале изградбата на градот<ref name="HyV"/>, а згора на тоа, работниците живееле во многу лоши услови и биле слабо хранети, а поради тоа голем број умреле<ref name="Оснивање">[http://www.saint-petersburg.com/history/foundation.asp Званичан сајт Санкт Петербурга. Историја. Оснивање]</ref>.
 
Првиот објект за живеење била [[Колиба Петар Велики|колибата на Петар Велики]]<ref name="Колиба">[http://www.saint-petersburg.com/virtual-tour/cabin.asp Официјална веб-страница на Санкт Петербург. Историја. Колибата на Петар Велики.]</ref>, изграден во 1703, во која царот живеел од 1703 до 1708. Колибата била изградена од дрво, бидејчи во тоа време сѐ уште немало услови за изградба од камен, па Петар наредил надворешните ѕидови да отсликуваат дека градбата е изградена од цигли<ref name="Колиба"/>. Стилот на оваа градба е комбинација од традиционална руска куќа (изба) и холандска куќа со големи и фино изградени прозорци и висок кров<ref name="Колиба"/>.
 
Градот бил преполн со величествени цркви и палата во сите стилови. Петар бил сведок на изградбата на само некои од нив, како на пр. св. Петра и св. Павла и [[Петерхоф]], летни дворец изграден сао за него. Тој, исто така ја наредил изградбата на природниот музеј Кунсткамер, кој бил првиот руски музеј воопшто<ref name="HyV"/>.
 
На 30 km од тој „нов Париз“, Петар изградил и „руски [[Версај]]“. Тоа бил убавиот дворец [[Петерхоф]]<ref name="3.1"/>, кој го проектиррале [[Франција|француски]] архитекти во европски стил со тераси и вештачки [[водопад]]и, фантастично уредени [[парк]]ови во многу убав стил, кој според западните сфаќања бил неопходен за еден апсолутист од тоа време. Интересно е дека фонтаната која се наоѓа во Петерхоф не користи пумпа, туку го искористува природниот пад на земјиштето.
 
== Подоцнежни години ==
 
=== Реформи ===
Последните години од својот живот Петар ги поминал продолжувајќи ги реформите во Русија. Целта на неговите реформи била образување на силна држава со силна војска, како и големи економски и општествени промени<ref name="HyV"/><ref name="3.1"/>. Веќе било вообичаено, царот, наследник на византиските императори да се смета за „самодржец“, а Петар инсистирал на овој концепт и така создал [[апсолутизам]].
[[Податотека:Porträt des Kaisers Peter I des Grossen (1672-1725).jpg|мини|десно|Портрет на Петар Велики]]
Во 1721, кратко по склулувањето на примирјето со Шведска, Петар бил прогласен за цар на цела Русија. Тој го одбил предлогот да ја прими титулата „Цар на истокот“. Титулата цар му ја признале [[Август II]] од Полска, [[Фредерик Вилхелм I]] од Прусија, [[Фредерик I]] од Шведска, но не и останатите европски монарси. Всушност, за многумина од нив, терминот „император“ звучел како надмоќен и преголем за еден владетел во однос на останатите. Освен тоа, некои владетели се плашеле, Петар Велики, своите владетелски права да не ги стави над нивните, како што своевремено [[Свето римско царство|Светото римско царство]] го прогласило својот цар, за владетел на сите христијански народи.
 
==== Војска ====
Петар Велики извршил коренити промени во војската на Русија и со тоа ја создал една од најмоќните војски во светот. Промените биле поделени во пешадијата, коњаницата и артилеријата, а исто така била воведена и мерка на регуларниот поредок на копнената војска и морнарицата, кои се состоеле од задолжителна регрутација на кметови и слободни луѓе без постојана работа. Со тоа, тој го променил статусот на благородништвото, со тоа што им наметнал задолжителна воена служба, задолжителна подготовка на војската или цивилната служба, како и донесување на одлуки за неделивоста на благородничките имоти со указот за наследствио од 1714 година.
 
==== Државата ====
Петар ја распуштил Думата и создал Сенат од 9 членови, кој имал апсолутна власт во времето кога царот бил отсутен и чии одлуки не можеле да се спроведуваат, доколку не биле едногласно донесени. Тој основал и министерски колегиуми, кои биле подредени во однос на Сенатот, а вовел и централизирана државна административна поделба на 8 губернии. Губерниите биле поделени на провинции, окрузи исрезови. Исто така била создадена и полиција, со која раководела тајната царска канцеларија.
 
==== Благородништвото и црквата ====
[[Податотека:Peter the Great Interrogating the Tsarevich Alexei Petrovich.jpg|мини|десно|''Петар I го испрашува својот син Алексеј'', [[Николај Ге]] (1871)]]
Главна обврска на благородништвото во Русија во 17 век била воената служба. Меѓутоа, Петар оваа обврска ја наметнал со одлучност, која претходно не постоела, вклучувајќи ја и обврската да се служи во управата. Од друга страна, на иницијатива на својот советник Салтиков, Петар на благороднуиштвото му ги дал титулите на сите чиновници. Со указот од 1722, Петар објавил нов закон за повластици, познат како [[табела на ранговите]], со што се создале чинови според степенот на достоинство на благороништвото сразмерно со хиерархиската функција. До тогаш, повластиците се стекнувале наследно. Сакајќи на болјарите да им ги одземе високите позиции, Петар наредил повластицата да биде под директно влијание на царот<ref name="3.1"/>. Табелата на рангови постоела сѐ до пропаѓањето на Руското царство (1917). Последиците од овие реформи биле многу значајни. Бројот на припадници на благородништвото значајно се зголемил. Сите стари членови на благородништвото биле обврзани да стекнат минималнио потребно знаење за да можат да станат офицери и функционери. Тие морале да посетуваат стручни училишта, училишта за математички науки, поморска академија, инженерско училиште и училиште за артилерија. Чиновите воведени во 1722, потполно ги изразувале разликите меѓу благородништвото по род и благородништвото по служба. Од друга страна, Петар направил големи отстапки на општествен план и на благородниците им ја предал целата локална управа. Тие не само што ќе бидат должни за регрутирање на нови војници, туку ќе станат и полиција и судии на правдата<ref name="3.1"/>.
 
Петар извршил реформи и во православната црква. Власта во црквата до тогаш била во рацете на московскиот патријарх. Во 1700, по смртта на патријархот Адријан, неговото место останало празно, а Петар одбил да именува заменик кој би ја презел целата должност на патријархот<ref name="3.1"/>. Во 1721, Петар целосно ја укинал патријаршијата, а црковната управа била пренесена на [[Свет синод|Светиот синод]], совет составен од 10 свештеници, над кои се наоѓало световно лице, кое ја преземало должноста на патријарх, а бил во директна надлежност од страна на царот. Со оваа реформа на црквата, таа била целосно потчинета на царот<ref name="3.1"/>.
 
==== Економија и финансии ====
[[Податотека:Bronze Horseman and St'Isaac's cathedral 1890-1900.jpg|мини|десно|270п|Споменик на Петар Велики во [[Санкт Петерсбург]]]]
Петар Велики водел економска политика во духот на [[европски меркантилизам|европскиот меркантилизам]], чија главна цел била постигнување на позитивно извозно салдо. Со државни мерки, тој го стимулирал извозот, а со високите царини за странските фабрички производи го заштитил домашното производство. Вовел државен монопол, но го зголемил извозот на суровини. Довел техничари од западна Европа, кои учествувале во изградбата на фабрики и индустриски погони. Во својата економска политика, Петар отсекогаш имал на ум дека Русија не смее да заостанува, бидејќи имала огромни природни богатства и дека клучот на економскиот развој е во нивната експлоатација како суровини<ref name="3.1"/>.
 
Од сите гранки на преработувачката индустрија, Петар особено внимание посветил на рударството, кое му било неопходно за вооружување на војската и морнарицата. Во негово време работеле околу 200 мануфактури, кои главно започнале со работа во времето на Големата северна војна. Меѓу најзначајните биле фабриките за оружје, железната индустрија и фабриките за текстил, кои произведувале ткаенини за војската<ref name="3.1"/>.
 
Комесарите на окрузите, кои ги избирало локалното благородништво и комесарите на срезовите, кои ги избирале селаните имале основна задача, да собираат данок. Најзначајно било, тоа да се изврши по примерот на Франција. Петар го укинал данокот на земја и имот и ги заменил со главарина. Данок на земја и имот плаќале само сопствениците на имот или оние кои го издржувале семејството; Главарина плаќале кметовите и сиромашните<ref name="3.1"/>.
 
Средствата добиени од собирањето данок оделе директно во царската каса. За регрутирање во војската, благородништвото имало обврска секоја година да обезбеди одреден број на селани. За да спречи избегнување на воените обврски, Петар со еден декрет им забранил да ја напуштаат земјата без дозвола на локалното благородништво. Најтешка последица од владеењето на Петар Велики е проширувањето на кметството и влошувањето на неговата положба. Големите имоти сѐ повеќе се ширеле, а малите во сопственост на селаните речиси и да исчезнале.
 
Потребата од пари го притискала Петар да затвори неколку манастари и нивната земја да ја приклучи кон царскиот имот, а останатите манастири да плаќаат данок.
 
== Смрт ==
Во зимата 1723, Петар чие здравје не било добро, почнал да има проблеми со [[уринарен систем|уринарниот систем]] и [[мочен меур|мочниот меур]]. Наредното лето (1724), докторскиот тим извршил потребна интервенција, со која бил овозможен дотек на заглавената урина. Петар останал да лежи в кревет од доцната есен. Тогаш, во првата седмица од октомври, вознемирен и веројатно излечен, Петар започнал да врши долга контрола над различни проекти. Според легендата, тоа било во ноември, додека во [[Лахта]], долж [[Фински Залив|Финскиот Залив]], тој вршел инспекција на неколку железници и одеднаш здогледал група војници како се дават во водите. Тогаш, тој скокнал во водата и ги спасил.<ref>{{цитирана веб страница|url=http://history.wisc.edu/sommerville/351/CMHPeter.html|title=Peter the Great and his pupils|author=Bain, R. Nisbet|date=1905|publisher=Cambridge University|accessdate=2008-02-09}}</ref>
[[Податотека:Nikitin peter deathbed.jpg|лево|мини|150п|Петар Велики на смртна постела]]
Се смета дека ладната вода го влошила проблемот на Петар со мочниот меур и ја причинила неговта смрт на [[8 февруари]] [[1725]]. Приказната, сепак била разгледувана со скептичност од некои историчари. Германскиот хронолог [[Јакоб фон Штелин]] е единствениот извор за приказната и изгледна невозможно, бидејќи досега никој не документирал ваков чин на херојство. Ова и интервалот од извршувањето на чинот и смртта на Петар исклучуваат секаква директна врска. И покрај тоа, приказната можеби е вистинита, делумно содржејќи барем ронка вистина.
 
Во почетокот на јануари 1725, Петар повторно бил засегнат од [[уремија]]. Легендата вели дека пред да падне во несвест, Петар побарал перо и хартија и го дочкртал незавршеното писмо: ''„Оставете сѐ....“'' и тогаш истрошен од напорот, побарал неговата ќерка Ана да биде повикана<ref> Приказната „Оставете сѐ....“ за прв пат се појавила во Х-Ф де Басавицовата ''Russkii arkhiv'' 3 (1865) Рускиот историчар Е.В.Анисимов тврди дека Басевицовата цел била да се убеди читачот дека Ана, а не императорката Екатерина била прогласена за наследник</ref>
 
Петар I умрел меѓу 4 и 5 часот наутро, на [[8 февруари]] [[1725]]. [[Аутопсија]]та покажала дека неговиот мочен меур бил заразен со [[гангрена]].<ref>{{цитирано списание|title=The seizures of Peter Alexeevich |author=Hughes, John R.|date=2007|publisher=''Epilepsy & Behavior (10:1)''|pages=179–182}}</ref> Тој бил 52 години и 7 месеци кога умрел, владеејќи 42 години.
 
Петар наследил заостаната, растурена и неорганизирана земја, која ја вклучил во европското општество, економија и политика. Во голема мера, тој ја променил традицијата, стремејќи се кон модернизација. Петар Велики ја претворил Московската држава во Руска империја, која се натпреварувала со останатите европски држави.
 
== Личноста и карактерот на Петар Велики ==
Немилосрдната борба меѓу Петровата мајка и Софија, како и другите случувања, кои го довеле во неизвесност уште од млад придонеле тој да стане прилично неурамнотежена личност со силен одмазнички карактер<ref name="HyV"/>, немилосрден и авторитетен. Бил бесен поради честите пијанства со своите другари, па бил многу опасен кон оној кој ќе му се најдел на патот, било да е благородник или слуга<ref name="HyV"/>.
 
[[Екатерина I|Катерина Алексеевна]], која Петар во [[1724]] ја крунисал и прогласил за царица на Русија била единствената личност која можела да одолее на ужасните напади на царот<ref name="HyV"/>. Од друга страна, односите со синот од првиот брак, Алексеј отсекогаш биле многу остри. Промените кои ги извршил во Русија предизвикале голем отпорсу велики отпор меѓу благородниците<ref>"Крај"</ref>, придржувачите на стариот поредок и еден дел од свештенството. Тие своите надежи ги полагале во младиот Алексеј, кого го воспитувале свештениците и кој паднал под влијанието на противниците на својот татко. Самиот АЛексеј ја преживеал смртта на татка си. Тој, дури станал и кодош, избегал во Австрија и се обидел да го придобие [[Карл VI, цар на Светото римско царство|Карл VI Хабзбуршки]] за да му помогне да го симне татка си од престолот<ref>"Крај"</ref>. Петар го вратил во Русија и фрлил во темница, каде долго го мачел пред да го осуди на смрт во [[1718]] година. Алексеевите приврзаници, исто така биле мачени, а од тие маки не се спасиле ни калуѓерките од манастирот во кој била затворена Евдокија (Алексеевата мајка)<ref name="HyV"/>, а и нејзе ѝ било судено поради лажни обвинувања за неверство.
 
Петар потполно се разликувал од своите претходници. Тој бил едноставен во државата и не сакал парадни церемонии<ref>"Крај"</ref>. Претходните руски владетели се појавувале во јавноста само за време на одржување на свечености, меѓутоа Петар често се шетал по улиците како обичен граѓанин, облечен во скромна облека. Тој бил многу висок (2 метра) и многу силен. Поседувал неверојатна работна енергија и полет, но бил и брутален и свиреп. Бил политичар со долгорочни размислувања , способен дипломат и одличен војсководец. СВојата политика ја спроедувал енергично и немилосрдно, имајќи ја в предвид секогаш силната и моќна Русија<ref>"Крај"</ref>.
 
== Титула ==
Целосната титула на Петар I гласела:
 
:''„Петар, цар и голем војвода, самовладетел на сите големи, мали и бели Руси од Москва, Киев, Владимир и Новгород, цар на Казан, цар на Астрахан, цар на Сибир, господар на П'сков и голем војвода од СмоленскТвер, Угра, Перм, Вјатка и Бугарија, голем војвода на Новгород во Долната земја, Чернигово, Ријазан, Ростов Јарославл Рјазања, Белозер, Удор, Одборие и Конд, владетел на сите Северни земји, господар на иверијанските земји и карталиниските и грузиски цареви, и карбардијанските земји со черкески и грузиски принцови, наследен владетел и господар на останатите земји.“''
 
Во 1721, титулата била изменета па наместо „цар и голем војвода, самовладетел на сите големи, мали и бели Руси“ стоело „император и самовладетел на сите Руси“. Понатамошниот дел од титулата „голем војвода од Смоленск, Твер, Угра, Перм, Вјатка и Бугарија“ бил проширен во „голем војвода од Смоленск, војвода од Естонија, Ливонија, Карелија, Твер, Угра, Перм, Вјатка и Бугарија“. Исто така, започнал да се користи и бројот I зад неговото име, спротивно од дотогашниот обичај, според кој зад титулата на владетелот никогаш не се ставал број.
 
Бугарија овде не се однесува на денешната држава Бугарија, туку на денешен [[Татарстан]].
 
== Потомството на Петар I ==
[[Податотека:Family of Peter I of Russia 1717.jpg|мини|270px|десно|Семејството на Петар I во 1717: Петар I, [[Екатерина I|Екатерина]], постариот син Алексеј Петрович од првата жена, младиот двегодишен син Петар и ќерката Ана и [[Елисавета Петровна|Елисавета]]. Глазура на плоча.]]
{| border=1 style="border-collapse: collapse;"
|- bgcolor=cccccc
! Дете !! Година на раѓање !! Година на смрт !! Белешки
|-
|colspan=4|'''''Со [[Евдокија Лопухина]]'''''
|-
|Алексеј Петрович|| 18 февруари [[1690]] || 26 јуни [[1718]] ||Се смета за официјален наследник на престолот сѐ до неговот апсење. Бил женет од [[1711]] со принцезата Софија-Шарлота Брауншвејг-Волфенбителска, сестра на Елисавета, сопруга на иммператорот [[Карл VI, цар на Светото римско царство Римской империи)|Карл VI]]. Деца: Наталья (1714—28) и Петар (1715—30), подоцнежниот император [[Петар II]].
|-
|Александар Петрович || 3 октомври [[1691]] || 14 мај [[1692]] |||
|-
|colspan=4|'''''Со [[Екатерина I|Екатерина]]'''''
|-
|Ана Петровна|| 7 февруари [[1708]] || 15 мај [[1728]] ||Во [[1725]] се омажила со германскиот војвода [[Карл Фридрих Шлезиг-Голдштејн-Готорпски|Карл-Фридрих]]. ОЗаминала во [[Кил]], каде што родила син, Карл Петар Улрих (подоцнежниот руски император [[Петар III]]).
|-
|[[Елисавета Петровна]]|| 29 декември [[1709]] || 5 февруари [[1762]] ||Императорка од [[1741]]. Во [[1744]] склучила таен брак со [[Алексеј Разумовски]], од кого, според исказите на современиците, родиила неколку деца.
|-
|Наталија Петровна || 3 март [[1713]]|| 27 мај [[1715]]||
|-
|Маргарита Петровна || 3 септември [[1714]]|| 27 јули [[1715]]||
|-
|Петар Петрович || 29 октомври [[1715]] || 25 април [[1719]]||Се смета за официјален наследник на круната од [[1718]] до смртта.
|-
|Павел Петрович || 2 јануари [[1717]] || 3 јануари[[1717]]||
|-
|Наталија Петровна|| 31 август [[1718]]|| 15 март[[1725]]||
|}
 
== Видете исто така ==
* [[Руска империја]]
* [[Листа на руски владетели]]
 
== Наводи ==
{{наводи|2}}
 
== Користена литература ==
 
* -{Massie, Robert K.Peter the Great: His Life and World. New York: Alfred A. Knopf, 1980 (hardcover, ISBN 0-394-50032-6); New York: Ballantine Books, 1981 (paperback, ISBN 0-345-29806-3); 1986 (paperback, ISBN 0-345-33619-4); New York: Wings Books, 1991 (hardcover, ISBN 0-517-06483-9); London: Weidenfeld & Nicolson, 2001 (paperback, ISBN 1-84212-116-2).}- Добитник на Пулицеровата награда за биографијата на Петар Велики
* -{Hughes, Lindsey.Russia in the Age of Peter the Great. New Haven, CT; London: Yale University Press, 1998 (hardcover, ISBN 0-300-07539-1; paperback, ISBN 0-300-08266-5)}-
* -{Hughes, Lindsey. Peter the Great: A Biography. New Haven, CT; London: Yale University Press, 2002 (hardcover, ISBN 0-300-09426-4); 2004 (paperback, ISBN 0-300-10300-X).}-
* -{Peter the Great and the West: New Perspectives (Studies in Russian and Eastern European History), edited by Lindsey Hughes. New York: Palgrave Macmillan, 2001 (hardcover, ISBN 0-333-92009-0).}-
* -{Troyat, Henri. Peter the Great. New York: E.P. Dutton, 1987 (hardcover, ISBN 0-525-24547-2).}-
 
== Надворешни врски ==
 
{{commons|Peter I of Russia}}
* [http://russia.iratta.com/01.php Раѓањето на империјата на Петар I Велики (крајот на XVII — првата четвртина на XVIII век)]
* [http://www.magister.msk.ru/library/history/kluchev/index.htm В. О. Клучевски. Курс по руска историја]
* [http://magister.msk.ru/library/history/kostomar/index.htm Н. И. Костомаров. Руската историја за биографиите на нејзините најголеми променувачи]
* [http://magister.msk.ru/library/history/solov/index.htm С. М. СОловјев Историја на Русија од дамнешнивремиња]
* [http://www.znanje.org/i/i21/01iv10/01iv1022m/petar_I_veliki.htm Петар Велики. Биоградија]
 
{{Руски владетели}}
{{Избрана}}
 
[[Категорија:Руски цареви]]
[[Категорија:Родени во 1672 година]]
[[Категорија:Починати во 1725 година]]
[[Категорија:Династија Романови]]
[[Категорија:Православни монарси]]
[[Категорија:Европски монарси од 17 век]]
[[Категорија:Европски монарси од 18 век]]
 
{{Link FA|hu}}
{{Link FA|sr}}
{{Link FA|vi}}
{{Link GA|ru}}