Италијанска култура: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 42:
Во 1945 година за време на посетата на Академија за ликовна уметност во Венеција, [[Хуго Прат]] во соработка со [[Марио Фастинели]] и [[Алберто Онгаро]] го создал Асо ди Пиче.
 
Во 1948 година [[Џан ЛуиџиЛујџи Бонели]] започнал со долга и успешна серија на вестерн стрипови, почнувајќи со популарниот [[Текс Вилер]]. Форматот на овој стрип толку ќе се популаризира што добива свое име - Бонелиано, по својот создател. Некои од сериите кои следат по Текс Вилер се [[Загор]] (1961 година), [[Мистер Но]] (1975 година) и од неодамна [[Мартин Мистери]] (1982 година) и [[Дилан Дог]] (1986 година). Овие стрипови претставуваат целосни приказни во 100+ црно бели страници во џебен формат. Темата секогаш е авантура, било вестерн, хорор, мистерија или научна фантастика. Бонелиани се до ден денес најпопуларната форма на стрипови во земјата.
 
===Мода и дизајн===
Ред 83:
[[Романтизам|Романтизмот]] се совпаѓал со некои идеи на преродбата, патриотско движење што во Италија резултирало со политичко единство и слобода од странска доминација. Италијанските писатели го прифатиле романтизмот во почетокот на 19 век. Периодот на италијанската преродба бил најавен од поетите [[Виторио Алфиери]], [[Уго Фосколо]] и [[Џакомо Леопарди]]. Свршениците, од главниот италијански романтичар [[Алесандро Манцони]], е првиот италијански историски роман кој ги воздигнува христијанските вредности на правда и провидност. При крајот на 1800 година реалистично литературно движење наречено реализам одигра важна улога во италијанската литература. [[Џовани Верга]] бил главниот автор во ова движење.
 
Движењето наречено [[футуризам]] имало влијание врз италијанската литература во почетокот на 1900 година. [[Филипо Томазо Маринети]] го напишал делото Манифест на футуризмот каде што се повикува на употреба на јазик и метафори кои ја возвишуваат брзината, динамиката и насилството на ерата на машините. Италијанските литературни фигури на 20 век кои се здобиле со меѓународна слава се [[Габриеле Дануцио]], [[ЛуиџиЛујџи Пирандело]] и [[Грација Деледа]]. Водечки писатели на поствоениот период се И[[гнацио Силоне]], [[Алберто Моравија]], [[Умберто Еко]], [[Дарио Фо]] и поетите [[Салваторе Квазимодо]] и [[Еугенио Монтале]].
 
===Филм===
Ред 114:
Од средниот век италијанските композитори играле важна улога во музиката. Во 1000-те години италијанскиот калуѓер [[Гвидо де Арецо]], развил револуционерен систем на одбележување и метод на пеење по ноти. Форми на рана италијанска музика биле [[Грегоријанско пеење]], [[трубадурска песна]] и [[мадригал]].
 
За време на ренесансата, [[Џовани Пјерлуиџи де Палестрина]] напишал ремек дела за хорска музика за употреба во црковните служби. Првите опери се компонирани во Фиренца во 1590 година. Операта се појавила како уметничка форма во барокниот период. [[Клаудио Монтеверди]] е првиот значаен композитор на барокната опера во почетокот на 1600-те години. Други важни композитори од крајот на 1600-те и почетокот на 1700-те години се [[Алесандро Скарлати]], неговиот син [[Доменико Скарлати]] и [[Антонио Вивалди]]. Алесандро најмногу се прославил со неговите опери, Доменико со композиции на клавијатура и Вивалди со неговите дела за виолина. За време на 1800 и почетокот на 1900 година популарните опери биле композициите на [[Џузепе Верди]], [[Ѓакомо Пучини]], [[Винченцо Белини]], [[Гаетано Доницети]] и [[Џоачино Росини]].
 
Музичкиот живот во Италија останува исклучително активен, но тој е главно фокусиран државно и едвај интернационално. Единствените италијански поп пејачи се поп дивата [[Мина]], со продадени 76 милиони албуми<ref>[http://www.lyricsfreak.com/m/mina/biography.html] Mina. ''Lyrics, Song Lyrics.'' Web. 27 Sept. 2011.</ref> и пејачката [[Лаура Пузини]] со продадени 45 милиони албуми.<ref>{{it}} Comolli, Maria Giulia. [http://www.sorrisi.com/2009/03/25/laura-pausini-2/comment-page-5/ Laura Pausini a ruota libera: "I ragazzi dei talent show? Troppo supponenti." E intanto con Sorrisi arrivano i suoi CD.] ''TV Sorrisi e Canzoni.'' Web. 25 March 2009.</ref><ref>{{it}} Mannucci, Stefano. [http://iltempo.ilsole24ore.com/2009/03/06/997835-griffe_ambiente.shtml Griffe e ambiente, ecco la nuova Pausini.] ''Il Tempo.'' Web. 6 March 2009.</ref>.
Ред 168:
Иронично е дека најраната забележана драма во сите делови на западна Европа била [[Литургиската драма]] на црквата. Всушност, за време на средновековниот период, црквата започнала да изведува на сцена посебни делови од Библијата. Овие драматизации прераснале во исценирани приказни за Божиќ и Велигден за неписмените маси да ја разберат [[латинската литургија]].
 
Во периодот од 16 до 18 век [[Комедија дел арте]] била форма на импровизациски театар која се изведува и ден денес. Италијанскиот театар е активен во режисирањето на извонредни современи европски дела и во изведувањето на важни преродби на стари дела, но сепак ниту еден домашен драматург нема напишано дела кои можат да ги обноват оние на [[ЛуиџиЛујџи Пирандело]] од раниот 20 век. При крајот на 20 век [[Дарио Фо]] се здобил со меѓународно признание за неговиот мошне добар импровизациски стил.
 
===Визуелна уметност===
Ред 267:
Водечки уметници во барокниот период биле скулптори-архитекти [[Џан Лоренцо Бернини]] и [[Франческо Боромини]]; сликарите [[Караваџо]], [[Џовани Батиста Тјеполо]], [[Каналето]], [[Пјетро Лонги]] и [[Франческо Гарди]].
 
Музиката била интегрален дел од италијанскиот живот. Водечки композитор во 14 век бил слепиот свирач на оргули [[Франческо Ландини]] од Фиренца. Еминентни композитори во ренесансата и барокот биле [[Џовани Пјерлуиџи де Палестрина]]; мадригалистот [[Лука Маренцио]] и [[Карло Џезуалдо]]; венецијанските органисти [[Андреа Габриели]] и [[Џовани Габриели]]; еден од основачите на операта [[Клаудио Монтеверди]]; органист-композитор [[Џироламо Фрескобалди]] и [[Џакомо Карисими]]. Важни музичари на подоцнежната барокна ера биле [[Аркангело Корели]], [[Антонио Вивалди]], [[Алесандро Скарлати]] и неговиот син [[Доменико Скарлати]]. Италијанецот [[ЛуиџиЛујџи ЧерубиниКерубини]] бил централна фигура во француската музика за време на наполеонската ера, додека [[Антонио Салиери]] и [[Гаспаре Спонтини]] биле доста познати и почитувани во Виена и Берлин. [[Николо Паганини]] бил најпознатиот виолинист во 19 век.
 
Италијанската литература и литературен јазик започна со [[Данте Алигиери]], авторот на ''Божествена комедија''. Достигнувања во литературата – како што се поезијата на [[Петрарка]], [[Торквато Тасо]] и [[Лудовико Ариосто]] и прозата на [[Џовани Бокачо]] и [[Николо Макијавели]] – извршиле огромно и трајно влијание врз понатамошниот развој на западната култура. Најдобри италијански режисери се [[Франк Капра]], [[Виторио де Сица]], [[Лучино Висконти]], [[Роберто Роселини]], [[Микеланџело Антониони]], [[Федерико Фелини]] а најпознати филмски ѕвезди се [[Рудолф Валентино]] и [[Софија Лорен]].