Името на [[Обединетото Кралство]] официјално е '''Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска''' и самото име е описливо. Така тоа означува дека државата е составена од обединети кралства кои се наоѓаат на [[Велика Британија]] (види име на Велика Британија) и од [[Северна Ирска]], која се наоѓа на островот Ирска. Претходни имиња на државата биле: [[Обединето Кралство на Велика Британија]], [[Обединето Кралство на Велика Британија и Ирска]]. Во македонскиот, често целосното име се крати со Велика Британија (и со тоа се прави мешање на поимите меѓу оваа држава и островите Велика Британија) или со Обединетото Кралство.