Хејмаркетски немири: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Податотека:HaymarketRiot-Harpers.jpg|мини|десно|250п|Позната слика на немирите во печатените медиуми]]
'''Хејмаркетски немири''' — немири што се случиле на [[4 мај]] [[1886]] г. во [[Чикаго]], [[САД]], по повод штрајкот од [[1 мај]] за добивање осумчасовен работен ден. Немирите резултирале со жртви, а самиот тек на настаните и денес останува контроверзен. Хејмаркетски немири имаат голема улога во прогласувањето на 1 мај за [[Меѓународен ден на трудот]].
 
== Позадина ==
 
Конвенцијата на Федерацијата на организираните трговски и работнички сојузи на САД и Канада во [[1884]] година упатува барање до 1 мај 1886 година да биде донесен закон за 8-часовеносумчасовен работен ден. Истовремено, се одвиваат подготовки за [[генерален штрајк]] на тој ден, во случај да не биде донесен таков закон.
 
Бидејќи не е донесен законот, во знак на протест на 1 мај 1886 година се одржуваат собири ширум [[САД]]. Најголемиот собир се случува во [[Чикаго]], каде што присуствуваат околу 90.000 луѓе. Во следните неколку дена во целата земја штрајкуваат 350.000 работници во 1.200 фабрики.