Чкрапава согласка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{начин на творба}}
{{небелодробни согласки со аудио}}
'''Чкрапави согласки''' ('''чкрапки''' или '''кликови''') се [[глас (фонетика)|гласови]] што се среќаваат како [[согласка|согласки]] во многу јазици на југот на Африка и три јазици во источниот дел на континентот. Некои од нив се користат како извици во сите јазици: забното [[забна чкрапава согласка|''ц-ц-ц!'']]) кога изразуваме несогласување, страничното [[странична чкрапава согласка|''ч’к!'']] кога се тера влечно животно и венечното [[венечна чкрапава согласка|''клип-клоп!'']] што децата го прават со јазикот кога имитираат [[коњски од]].
 
Од механички аспект, чкрапавите согласки се [[препречна согласка|препреки]] кои се прават со ограничување на две места на контакт (прегради) во устата - еден напред и еден назад. Воздушната комора добива притисок со вшмукување од јазикот (технички, чкрапавите согласки имаат јазичен вдишен воздушен механизам). Потоа предната преграда се отвора и, ослободувајќи го воздухот, создава силен нагол звук.