Танец (ансамбл): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 20:
== Културна мисија ==
 
“Танец”„Танец“ е име кое речиси шест децении е симбол на македонската култура и уметност, шест децении на своето постоење е амбасадор и презентер на македонското фолклорно творештво кај нас и на сите континенти на земјината топка.
 
Пет децении е подвижен музеј на она најубавото, исконското, непроценливото, македонското фолклорно благо кое претставува идентитет и историја на македонскиот народ.
 
Покрај негувањето на фолклорното творештво, ”Танец”„Танец“ веќе пет децении народните обичаи, игри, песни и носии, преку успешните кореографски постановки ги преточува во колорит и префинет израз на играње, пеење и презентирање на убавите оригинални носии изработени пред повеќе децении, кои представуваат амблем на македонската култура.
 
Од посебно значење е првото претставување надвор од Македонија, поточно на меѓународниот фестивал во Ланголен-Англија во 1950 год. и добивањето на првата награда што е историски настан за Ансамблот, но и за македонската култура. Всушност, овој настан е потврда за ансамблот во успешното презентирање на македонското фолклорно богатство.
 
Во педесетгодишното презентирање на фолклорното творештво кај нас и во светот, Ансамблот има настапено на над 3500 концерти, фестивали и други културни приредби, со над осум милиони посетители.вЗа успешноста на овој наш презентант зборуваат големиот број награди, дипломи, благодарници и признанија добивани по разни поводи, концерти и сл., меѓу кои и републички награди “11„11 Октомври”Октомври“, ”Климент„Климент Охридски”Охридски“ и “13„13 Ноември”Ноември“ на град Скопје.
 
Како доказ на уметничкиот квалитет на играњето, пеењето, музиката и колоритот на носиите се големиот број позитивни критики, афирмативните написи и статии од врвни стручњаци од областа на фолклорот, во разни списанија, радио и телевизиски емисии и слично, од кои дел пренесуваме во оваа Монографија.
 
Во овие изминати децении со програмите се опфатени голем број народни ора, песни и обичаи од повеќе краишта на Македонија меѓу кои и “Тешкото”„Тешкото“, како симбол на македонското оро: „Невестинско“, „Комитско“, „Чифте“, „Калајџиско“, „Тресеница“, „Осоговка“, „Драчевка“ и други.
 
„Танец“ е во постојана и тесна соработка со македонските иселеници во дијаспората. Во таа смисла се организирани и голем број концерти во сите земји каде што живеат македонски иселеници. Тој континуирано ги помага културно-уметничките друштва во земјава и во странство во квалитетното поставување и пренесување на играорната традиција.