Славјанка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 27:
}}
 
'''Словенка''' ({{lang-bg|Славянка}}, {{lang-елel|Όρβηλος}}, порано позната како '''Алиботуш''' или '''Китка''') — [[планина]] на границата на [[Пиринска Македонија|Пиринска]] и [[Егејска Македонија]]. Од 1955 година во Бугариjа званично го носи името, кое потекнува од [[Словени]]те. Државната граница меѓу [[Бугарија]] и [[Грција]] минува по неjзиното главно било. Со планината [[Пирин]] на север се поврзува преку Парилската седловина, на запад е поврзана со [[Сенгелска планина]], на исток со планината [[Старгач]] и на jуг со планините [[Шарлија]] (Бродска Планина) и [[Црна Гора (планина)|Црна Гора]]. Должината е околу 20 км и ширината 10-12 км. Наjвисоки врвови се [[Гоцев Врв]] (од старото име Алиботуш, денес го носи името на [[Гоце Делчев]]) со висина 2212 мeтри, врв Шабран (2196 м), Голем Царев Врв (2186 м), Мал Царев Врв (2087 м), Шабран (2196 м), Саљува џамија (2027 м). Планината е позната по карстовиот релjеф, црната [[молика]], алиботушкиот чаj (Sideritis scardica) и резерватот "Алиботуш".
 
Традиционалното име на планината е ''Али Ботуш''. Во минатото, истражувачите и патниците ја сметале, целата група на планински висорамни меѓу Парилската седловина и [[Егејското море]] како дел од [[Пирин|Пирин планина]]. Современите научни сфаќања за границите на Пирин се релативно нови и датираат дури од почетокот на XX век. Во Грција Славјанка и досега традиционално се смета за дел од Пирин, и затоа се именува со античкото име на Пирин - ''Орбелос'' на новогрчки Орвилос.