Сибир: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Целосно избришана страница
Ред 1:
[[Податотека:SiberiaMap.png|мини|десно|300п|Сибир во рамките на Русија]]
'''Сибир''' ([[рус.]] ''Сибирь''), е огромна област во северниот дел на [[Азија]], во состав на [[Русија]]. Тој се протега од [[планина]]та [[Урал]] на запад до [[Тихи Океан|Тихиот Океан]] на исток и ги опфаќа [[Средносибирска Висорамнина|Средносибирската Висорамнина]] и источносибирските планини. Во своите природни граници, Сибир зафаќа 11 милиони км<sup>2</sup>, со преку 30 милиони жители. По своите природни карактеристики се дели на две различни области: [[Западен Сибир]] - од Урал до реката [[Енисеј]], кој претставува една пространа [[низина]] ([[Западносибирска Низина]], најголема во светот) и [[Источен Сибир]] - источно од Енисеј, област со ридови, висорамнини и планиниски венци со голема височина. Сибир излегува на бреговите на [[Северен Леден Океан|Северниот Леден Океан]] и [[Aрктик|поларните]] мориња: [[Карско Море|Карско]], [[Лаптевско Море|Лаптевско]], [[Источносибирско Море|Источносибирско]], [[Чукотско Море|Чукотско]], [[Берингово Море|Берингово]], [[Охотско Море|Охотско]] и [[Јапонско Море]].
 
== Клима ==
{{Физичка карта на Сибир}}
[[Клима]]та во Сибир е поларно-континентална на север (на пример, градот [[Верхојанск]] на 67°33’ СГШ има средна годишна температура од -16,3°С, а средна јануарска од -50,5°С) и континентална на југ ([[Томск]] на 56°30’ СГШ има средна годишна температура од -1°С, средна јануарска од -19,6°С, средна јулска 18,7°С), додека на далечниот исток, кај приморјето на Тихиот Океан и Јапонското Море климата е нешто поблага поради влијанието на морето ([[Владивосток]] на 43°7’ СГШ има средна годишна температура од 4,3°С, средна јануарска од -15,1°С, средна јулска 20°С).
 
== Хидрографија ==
 
Најголеми [[Река|реки]] во Сибир се [[Об (река)|Об]] со притоката [[Иртиш]], Енисеј со [[Селенга]] и [[Ангара]], [[Јана (река)|Јана]], [[Индигирка]], [[Колима]] во сливот на Северниот Леден Океан; [[Амур]] во сливот на Тихиот Океан. Од [[Езеро|езерата]], најпознато е [[Бајкалско Езеро|Бајкалското Езеро]], кое е и најдлабокото езеро во светот.
 
== Планини ==
 
Од планините, во Сибир се наоѓаат [[Алтај]] (со највисокиот врв [[Бјелуха]], висок 4.506 м), [[Сајански Планини]] (3.492 м), [[Јаблановски Планини]] (2.800 м), [[Становојски Планини]] (2.840 м), [[Алдански Планини]] (2.700 м), [[Верхојански Планини]] (2.960 м), [[Черскога]] (3.147 м), [[Колимски Планини]] (2.222 м), [[Анадирски Планини]] (2.320 м) и [[вулкан]]от [[Клучевскаја Сопка]] (4.750 м) на полуостровот [[Камчатка]].
 
== Биогеографија ==
 
Од [[Растенија|растителните]] зони, во Сибир се застапени [[тундра]]та на крајниот север, [[тајга]]та во северен и среден Сибир која зафаќа простор поголем од половина [[Европа]] и се одликува со големо богатство на топлокрвни [[животни]], како [[дабар]]и, [[самур]]и, [[ермелин]]и, [[поларна лисица|поларни лисици]] итн.); потоа област на [[Земјоделство|земјоделски]] култури во јужен Сибир, северно и јужно од [[Транссибирска железница|транссибирската железница]]; [[Степа|степски]] предели на југ и југозапад.
 
== Административна поделба ==
Географски, во Сибир спаѓаат [[Федерални субјекти на Русија|федералните субјекти]] на [[Сибирски федерален округ|Сибирскиот федерален округ]], некои од [[Уралски федерален округ|Уралскиот федерален округ]] и републиката [[Јакутија]], која е дел од [[Далекуисточен федерален округ|Далекуисточниот федерален округ]] (видете го списокот на субјекти подолу). Од историска гледна точка, сиот руски Далечен Исток се смета за сегмент на Сибир.
 
* [[Алтајски крај]], админ. центар: [[Барнаул]]
* [[Република Алтај]], гл. град: [[Горно Алтајск]]
* [[Бурјатија|Република Бурјатија]]: гл. град: [[Улан Уде]]
* [[Забајкалски крај]], админ. центар: [[Чита]] (до 2008 г. во укинатата Читинска област)
* [[Иркутска област]], админ. центар: [[Иркутск]]
* [[Хакасија|Република Хакасија]], гл. град: [[Абакан]]
* [[Ханти-Мансиски автономен округ]], гл. град: [[Ханти Мансијск]], моментално дел од [[Уралски федерален округ|Уралскиот федерален округ]]
* [[Кемеровска област]], админ. центар: [[Кемерово]]
* [[Краснојарски крај]], админ. центар: [[Краснојарск]]
* [[Новосибирска област]], админ. центар: [[Новосибирск]]
* [[Омска област]], админ. центар: [[Омск]]
* [[Јакутија|Република Јакутија (Саха)]], гл. град: [[Јакутск]], денес дел од [[Далекуисточен федерален округ|Далекуисточниот федерален округ]]
* [[Томска област]], админ. центар: [[Томск]]
* [[Тјуменска област]], админ. центар: [[Тјумен]], денес дел од [[Уралски федерален округ|Уралскиот федерален округ]]
* [[Тува|Република Тува]], гл. град: [[Кизил]]
* [[Јамало-Ненецки автономен округ]], админ. центар: [[Салехард]], денес дел од [[Уралски федерален округ|Уралскиот федерален округ]]
 
 
{{Русија}}
 
[[Категорија:Сибир| ]]
[[Категорија:Географија на Русија]]
[[Категорија:Региони во Русија]]
[[Категорија:Азија]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Сибир