А1 Арена: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 4 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q2946074 (translate me)
Ред 17:
== Технички спецификации ==
 
Повеќенаменската сала “Борис Трајковски” е и најкомплексниот [[спортски објект]] што некогаш се изградил во [[Македонија]]. Во неа постојат две сали, една поголема која е и главна со максимален капацитет од 8.000 (за [[кошарка]]рски натпревари) и 10.000 за концерти и други културни манифестации, како и една помала со капацитет од 500 седишта која може да се користи за [[тренинзи]] и за помали [[натпревари]]. Комплексот располага со опрема и со реквизити за сите спортови што се играат во него, а е приспособен во него да се одржуваат и музички, културни и други [[манифестации]]. Мултифункционалноста на објектот се надополнува со изградбата на [[сауна]], [[фитнес]] сала, [[кугларница]], [[амбуланта]] и други. Во склоп на салата се наоѓаат и деловни простории во кои е сместено претпријатието што ја управува салата, а предвидени се и два [[ресторани]] и [[кафулиња]], како и простори за [[продавници]].<ref>http://www.ehf-euro.com/Boris-Trajkovski.861.0.html| "Податоци за салата од ЕХФ"</ref>|<ref>http://www.scboristrajkovski.gov.mk/mk/za-nas</ref>
 
== Историја ==
Салата започнала да се гради на почетокот на [[2004]], а инвеститор бил [[Градот Скопје|Град Скопје]]. Таа била најавувана како еден од капиталните проекти на поранешниот градоначалник [[Ристо Пенов]]. Првичниот рок што си го поставиле градските власти за завршување на изградбата бил една година, но тој бил повеќекратно пробиен поради проблемите кои се појавувалее при изградбата. Уште на почетокот, додека се копале [[темелите]], избиле подземни води и целото [[градилиште]] се [[поплава|поплавило]]. Тоа донело дополнителни трошоци од околу еден милион евра На неколку наврати градската каса останувала без доволно средства, што довело неколку пати свечено да биде одбележувано продолжувањето на градежните работи по повторното изнаоѓање на материјални средства. По доаѓањето на [[Трифун Костовски]] на [[градоначалник|градоначалничката функција]] на [[Град Скопје]], градот започнал преговори со [[Владата]] да го предаде објектот во нивна [[јурисдикција]]. Преговорите се воделе уште со претходната влада и завршиле безуспешно, по што во февруари 2007 градот и [[Влада на Република Македонија|Владата]] потпишале договор за примопредавање. Било формирано заедничкото друштво „Борис Трајковски” кое раководи со објектот, и секој од инвеститорите добил соодветен број акции во него, според парите што ги вложил или што ќе треба да ги вложи во изградбата.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/А1_Арена