Алхазен: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 12:
==Истражување на светлината==
Алхазен направил експерименти со огледала и со леќи, но можеби најзначајниот негов придонес било тоа што покажал дека светлината се движи праволиниски. Тоа веројатно го заклучил врз основа на фактот дека цврстите предмети фрлаат остри сенки на Сончева светлина, а тоа го докажал со помош на “ мрачната соба” ( camera obscura).Поставувајќи три ламби да горат надвор, тој покажал дека се појавуваат три слики на ѕидот отспротива во внатрешноста. Кога на едната патека ја ставил раката, сликата на ѕидот исчезнувала. Тој можел да ја “фати” сликата на секој дел од правата линија меѓу дупката и ѕидот, па било логично дека светлината што ја создава сликата се движи праволиниски. Тој напишал: “ Светлината што влегува јасно може да се види на правот што го има во воздухот”. Потоа направил пренослива “ мрачна соба” во облик на шатор, што ја носел на патувања. Нема сомневање дека подвижните слики ги оставале без здив сите што имали можност да ги видат.
Влијателната книга на Алхазен, Книга за оптиката, останала најдобар учебник на оваа тема се до периодот на [[Исак Њутн]], 650 години подоцна. Алхазен пишувал и за други области, од астрономија до психологија. Се обидел да објасни зошто Сонцето и Месечината изгледаат поголеми кога се поблиску на хоризонтот отколку кога се високо на небото. Покажал дека самракот завршува кога Сонцето е 19 степени под хоризонтот и проценил дека висината на Земјината атмосфера е 11км. Тој го проучувал привлекувањето меѓу масите и забрзувањето како резултат на гравитацијата. Дури и тврдел дека телото ќе остане неподвижно или ќе се движи со постојана брзина освен ако на него не дејствува некоја надворешна сила; 650 години подоцна ова станал [[Прв Њутнов закон|Њутновиот прв закон на движењето]]. Покрај овие достигања, Алхазен бил пионир на научниот метод, основа на современите научни истражувања.
==Научен метод==
Методот или процесот почнува со опсервација, што се формулира во исказ на проблемот што треба да се реши. Следува предлог на решенија, познат како работна хипотеза. Таа се проверува во експериментот, а би било идеално да го предвиди очекуваниот резултат. Ако е успешна, хипотезата може да прерасне во теорија; во спротивно, потребна е втора работна хипотеза и правење нови експерименти. Кога проблемот ќе се реши, се пишува и се објавува трудот.
Алхазен ги истражувал оптичките карактеристики на стаклото и открил дека варира односот меѓу аглите на паѓање и на прекршување; вистинскиот однос го утврдил Санел 600 години подоцна. Алхазен ги проучувал огледалата и простите леќи, утврдувајќи ја нивната моќ за зголемување. При набљудувањето на предметите во близина, конвексната леќа создава зголемена вистинска слика, а конкавната леќа создава намалена виртуелна слика.
Алхазен починал во Каиро во 1039г. Во чест на неговите многубројни и разнородни достигања, според него биле наречени еден кратер на Месечината и еден астероид, а неговиот лик се наоѓа на ирачките банкноти.
==„Camera obscura“==
==“ Camera obscura”==
Camera obscura на латински јазик значи, “мрачна соба”. Во наједноставен облик, таа претставува мрачна соба со мала дупка на едниот ѕид и со бел ѕид спроти него. светлината од надворешниот свет влегува низ дупката и создава слика на спротивниот ѕид. сликата е свртена наопаку бледа, иако може да се засили со зголемување на дупката и вметнување на соодветна леќа за фокусирање на светлината што доаѓа.
Фотоапаратот без леќи (пинхол) е мала верзија што може дасе употреби за фотографирање. современата камера е нејзин директен “потомок”, со леќа наместо “пинхол”.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Алхазен