Дојранско Езеро: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 30:
[[Податотека:Dojran Lake 14.jpg|мини|лево|Кајчиња во Дојранското Езеро]]
 
Нивото на езерото е на надморска висина од 148 метри. Тоа е плитко езеро, со најголема длабочина од 10 m&nbsp;м и просечна длабочина од 6,7 m&nbsp;м.<ref>{{цитирана веб страница | url = http://www.opstinadojran.gov.mk/mak/index.asp?id=137
| title = Историја на Дојранското Езеро | publisher = Општина Дојран }}</ref>. Дојранското Езеро е создадено во [[неогено-квартерниот период]] и има тектонско-вулканско потекло. Всушност, тоа е реликтен остаток од некогашното плеистоценско Пеонско Езеро, коешто зафаќало површина од околу 127&nbsp;км². Поради јодот кој го испуштаат алгите за време на нивното цветање (јули-август), водата на езерото е многу лековита, посебно за лечење на проблеми со синусите, бронхит, настинки, зараснување на рани и исеченици. Лековитоста на водата привлекува голем број на туристи, највеќе семејства со мали деца.
 
Ред 38:
== Легенда за Дојранското Езеро ==
[[Податотека:Dorjan3.jpg|thumb|200px|right|Дојранско Езеро.]]
На местото на денешното Дојранско Езеро се протегала широка [[долина]] со бујни [[Ливада|ливади]] и разновидни [[Градина|градини]]. На едно поткренато место имало голем [[извор]]. Покрај долината живеела убава [[девојка]] која се викала ''Дојрана''. Во Дојрана биле заљубени многу [[момче|момчиња]], но за голема несреќа и еден [[Турци|турски]] големец-[[кајмакам]]. Убавата девојка не можела да замисли да се мажи за него. Кајмакамот почнал да оди по неа. Ја следел на секој чекор. Не и давал [[мир]]а. Наоѓајки се во безизлезна положба, а да не му падне во неговите раце, се фрлила во големиот извор. Изворот го прифатил нејзиното невино тело. За да го покрие и освети, почнал да се излива. Ја покрил целата долина.За кусо време долината се претворила во прекрасно [[езеро]]. Исто како што беше прекрасна и девојката Дојрана. Езерото и градот го добија името по убавата девојка Дојрана. Езерото го нарекоа Дојранско Езеро, а градот [[Дојран]].
 
<! текст префрлен од mk.wikimedia >
Дојранско Езеро се наоѓа во југоисточниот дел на [[Република Македонија]]. Котлинскиот простор во кој е лоциран овој акваториум е ограничен од север и северозапад со [[Беласица|планината Беласица]], од запад и југозапад со ограноците на [[Кара Бели|планината Кара Бели]] и од истрок со ограноците на [[Круша|планината Круша]]. Надморската височина на која се наоѓа езерската површина е на ''148 метри''&nbsp;м.
 
Површината на езерото изнесува 42,7&nbsp;км², од кои 15,6&nbsp;км² и припаѓаат на [[Република Грција]], а 27,1&nbsp;км² на [[Република Македонија]]. Површината на Дојранското Езеро се менува во зависност од водостојот, така што во литературата и во официјалните публикации се сретнуваат различни податоци од 41,9 до 43&nbsp;км². Податокот од 42,7&nbsp;км² е податок од Статистичкиот завод на Република Македонија од ''[[1996]] година''. И покрај ваквите разлики, треба да се констратира дека ова езеро е најмало по површина, од трите тектонски езера во Република Македонија. Вкупната должина на бреговата линија изнесува ''24 &nbsp;км''. Овој брег бележи најмала разгранетост, а во него преовладуваат песочни плажи кои имаат позитивен одраз во туризмот.
 
Најголемата длабочина изнесува ''10 метри''&nbsp;м. Значи, се работи за многу мала длабочина, посебно во однос на [[Охридско Езеро|Охридското]] и [[Преспанско Езеро|Преспанското Езеро]], што треба да се прими како негативна околност за одвивање на туристичките активности. Потврда на оваа квалификација е и фактот дека дури на ''100 метри'' оддалеченост од брегот, длабочината изнесува ''3 &nbsp;метри''. Најголем дел од езерото е покриен со глиновит материјал и само поизразито наклонетите тераси се песокливи, што е една од причините за заматеноста на водата. Максималната амплитуда на водостојот изнесува ''267 &nbsp;км''. Тоа негативно се одразува врз останатите елементи на географската средина.
 
Температурата на водата претставува една од најзначајните вредности на [[Дојранско Езеро|Дојранското Езеро]]. Средногодишната температура во [[Дојранско Езеро|Дојранското Езеро]] изнесува ''{{темп|14.,8 степени''}}, што е највисока вредност во однос на [[Охридско Езеро|Охридското]] и [[Преспанско Езеро|Преспанското Езеро]]. Температурата на водата во зимскиот период е доста различна. Средномесечните вредности се движат од умерените ''{{темп|9.,9 степени''}} во декември, до ''{{темп|3.,9 степени''}} во фебруари. Поради релативно малите длабочини, езерото замрзнува во овој период. Сепак, за развој на туризмот од најголемо значење се средномесечните температури на водата во летниот период од годината. Тие во пет месеци од годината се повисоки од ''{{темп|18 степени''}}. тоа значи дека во период од скоро половина година постојат термички услови за одвивање на капалишните активности. Средномесечната температура во мај изнесува ''{{темп|18.,9 степени''}}, во јуни ''{{темп|22.,4 степени''}}, во јули ''{{темп|24.,3 степени''}}, август ''{{темп|24.,2 степени''}} и во сепмтеври ''{{темп|20.,4 степени''}}. Бојата на водата има нијанси од темно зелена, зеленкасто – жолтеникава и жолтенива, што како вредност заостанува зад [[Преспанско Езеро|Преспанското]], а посебно зад [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]].
 
== Надворешни врски ==