Треска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 44:
[[Податотека:Kozyak-ot-foynik.jpg|мини|десно|250п|Езерото [[Козјак]] на Треска]]
[[Податотека:Sv.Andreja-Matka-od-Markovi-Porti.jpg|мини|десно|250п|Езерото [[Матка (езеро)|Матка]] со манастирот [[Манастир „Св. Андреја“ - Матка|Св. Андреја]]]]
'''Треска''' — [[река]] во [[Македонија]], десна [[притока]] на [[Вардар]]. Нејзината вкупна должина изнесува 132 км, а [[слив]]ното подрачје зафаќа 2.350 км². Друго име на оваа река е ''Голема Река'', ''Велика Река'' или само ''Велика''.
 
Изворите на Треска се [[Еловечка Река]], на источната страна на планината [[Стогово]] и [[Беличка Река]] од северните падини на [[Илинска Планина]]. Текот на Треска започнува кај селото [[Другово]], Кичевско, кајшто се составуваат овие два крака. По својот тек низ кичевскиот крај реката се нарекува Голема Река, а низ [[Поречие]]то — Велика Река. Треска се нарекува од селото [[Здуње]] кон [[Скопје]]. По течението од Здуње до [[Скопска Котлина|Скопската Котлина]], во должина од 28 км, Треска тече низ стрмен [[кањон]] во кој се наоѓа вештачкото езеро [[Козјак]], формирано со браната изградена во 2005. година. На самиот влез во Скопската Котлина, се наоѓа и вештачкото езеро [[Матка]] создадено со браната подигната во [[1937]] г. година. Треска се влева во Вардар во Ѓорче Петров крај Скопје.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Треска