Политичка филозофија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 13:
Поради наведеното, првото прашање не се однесува само на општествениот поредок кој може да се оправда, туку: кога некој општествен поредок може да заслужи доброволна согласност од поединците, врз кои тој поредок е наметнат со принуда? Одговорот на вака поставеното прашање најчесто се бара преку начелата за праведност и добрина, кои пак се во основата на моралната философија. Политичката философија, наспроти [[морална философија|моралната философија]] (врз која е впрочем втемелена), не ги применува начелата за праведност и добрина врз личното однесување на поединците туку врз институциите, врз правилата, конвенциите и практиката што се наметнати со принуда. Политичката философија не се прашува како треба ние да живееме и постапуваме поединечно, туку кој вид институции треба да прифатиме за да би ги усогласиле нашите постапки и нашите животи.
 
На вака дефинираните проблеми се обидувале да најдат одговор [[Платон]] („Држава“) и [[Аристотел]] („Политика“) во оној момент кога впрочем настанува и кризата на елинистичкиот свет и за првпат се раѓа политичката философија. По вторпат, истата потреба, ќе се јави кога ќе дојде во криза Римската империја и ќе треба да се одбрани тогаш роденото [[христијанство]]. Тоа ќе го стори [[Августин]] („За„[[За царството Божје“Божје]]“) создавајќи ја политичката философија на христијанството. Кризата на христијанската политичка философија ќе доведе до настанување на модерната држава: [[Николо Макијавели]] („[[Владетелот]]“); [[Томас Хобс]] ([[Левијатан (книга)|„Левијатан“Левијатан]]); [[Томас Мор]] ([[Утопија (книга)|„Утопија“Утопија]]); [[Шарл Монтескје]] („[[Духот на законите]]“); [[Жан Жак Русо]] („[[Општествениот договор]]“); [[Џон Лок]] („[[Две расправи за владеењето]]“). Кризата на модерната држава ќе ја создаде политичката философија на [[Хегел]] и [[Маркс]].
 
Едноставно кажано, секогаш кога настанувала состојба, при која се губела свеста за политичките принципи, се раѓала потребата за политичката философија како враќање на свеста за суштествените политички принципи.