Ѓоце Стојчевски - Амбарче: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 2 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q3403495 (translate me)
сНема опис на уредувањето
Ред 3:
== Биографија ==
Амбарче бил роден во [[Тетово]] на [[26 ноември]] [[1919]] година во повеќечлено занаетчиско семејство од татко Илија и мајка Менча. По завршувањето на основното училиште, иако надарен ученик, поради лошата материјална состојба во семејството, Ѓоце го напуштил училиштето и останал да му помага на татка си во волновлачарницата, посетувајќи го притоа занаетчиското училиште. Чувствувајќи ја националната обесправеност и суровиот експлоататорски режим на големосрпската буржоазија врз себе и врз својот народ, воспитан во духот на слободарските традиции, Ѓоце се вклучил во напредното работничко и револуционерно движење. Бил библиотекар во [[Библиотека „Кочо Рацин“ - Тетово|локалната библиотека]], секретар на МК на КПЈ и учесник во НОД во [[1941]] година. Во [[НОАВМ]] бил политички комесар на партизански одред на [[Шар Планина]] во [[1943]] година. Во борбата со [[балисти|балистички сили]] кај с. [[Шипковица]] во [[1943]] бил ранет, заробен и спроведен во затворот во [[Тирана]]. По капитулацијата на [[Италија]] избегал, се вратил во Македонија и се приклучил на партизански одред. Загинал во борба и бил прогласен за [[Орден на народен херој|народен херој на Југославија]]<ref>''Народни херои од Македонија, Скопје, 1970''</ref>. Во негов спомен тетовскиот [[СУ "Гоце Стојчевски" - Тетово|хемиско-текстилен училишен центар]] го носи неговото име.
 
Спомен-куќата на Стојчевски е прогласена за [[културно наследство на Македонија|значајно културно наследство на Македонија]].<ref>{{УЗКН|238| Спомен-куќа на народниот херој Ѓоце Стојчевски - Амбарче}}</ref>
 
== Наводи ==
Ред 9 ⟶ 11:
== Надворешни врски ==
* [http://mkdnd.mrforum.net/topic-n5.htm '''Ѓоце Стојчевски – Амбарче'''] - Комплетна биографија
 
 
{{Народни херои на Македонија}}
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Стојчевски, Ѓоце}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Стојчевски, Ѓоце}}
[[Категорија:Тетовци]]
[[Категорија:Родени во Тетово]]