Демиркаписка Клисура: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 26:
| lon_dir = E
}}
'''Демиркаписката Клисура''' — една од позабележителните [[клисура|клисури]] во [[Македонија]] на реката [[Вардар]]. Долга е 31,5 км сметано од утоката на [[Бошава]] до селото [[Удово]]. Со оваа должина е најмала во споредба со другите клисури на Вардар. Демиркаписката клисура е планинска. Од источната страна е заградена со ограноците на [[Серта]] и [[Градешка Планина]], а на западната со [[Краставец]] и [[КожувКожуф]] Планина. Страните на некои места во клисурата се високи и до 900 м, а на [[Карадак]] и [[Трнка Рид]] и до 1000 метри. Демиркаписката Клисура е изградена во [[мезозоик|мезозојски]] [[варовник|варовници]] со старост од периодите [[јура]] и [[креда]]. Варовниците имаат сива до отворено сина боја и на влезот во клисурата скоро вертикално се издигаат над Вардар со пад од 85 [[степен (агол)|степени]]. Во Демиркаписката Клисура се чубствува влијанието на [[средоземна клима|средоземната клима]].
Како последица на оваа клима се развила специфична [[вегетација]] карактеристична за овој климатски тип. Тука се среќаваат и разновидни диви животни како што се срната, зајакот, лисицата, куната, јазовецот, волкот, еребицата и др. Освен нив во овој дел на Вардар живее и [[сом]]от кој е најголема риба која достигнува тежина и над 1.000 кг. Во клисурата постојат површински и подземни [[карст]]ни облици. Има вкупно 13 [[пештери]] од кои најпознати се [[Бела Вода]] и [[Змејовец]].
Ред 37:
 
{{Македонија-гео-никулец}}
 
{{coord|41|22|20|N|22|20|59|E|type:pass_region:MK|display=title}}
 
[[Категорија:Клисури во Македонија]]