Рафаел Алберти: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 29 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q118936 (translate me)
сНема опис на уредувањето
Ред 28:
== Биографија ==
 
Роден е во [[Пуерто де Санта Марија]] ([[КадисКадиз]], [[Андалузија]]), место каде и го започнува школувањето. <ref name=Mateja> [[Матеја Матевски]], ''Десет века на шпанската поезија'', [[МАНУ]], Скопје, 2004, стр. 514-515. </ref>. Оди во [[Мадрид]], каде најпрво флертува со [[сликарство]]то, за потоа, поттикнуван од [[Хуан Рамон Хименес|Хименес]] и неговиот близок пријател [[Федерико Гарсија Лорка|Лорка]] потполно да се повети на [[поезија]]та: ''Marinero en tierra'' (''„Морнар на копно“'', [[1925]]), ''La Amante'' („''Љубената''“, [[1926]]) и ''El alba del alhelí'' (''„Зората на шебоите“'', [[1927]]). Неговото рано творештво многу ѝ должи на шпанската традиција иако на карактеристичниот ''[[Кансониеро]]'' израз, Алберти успева да му даде една сосема нова авантгардна перспектива. Неговата прва книга, ''Морнар на копно'', заедно со ''Хумани стихови'' на [[Херардо Диего]], ќе ја подели националната награда за литература.
 
Откако се приклучува на ''[[Генерацијата '27]]'', Алберти почнува да ги покажува во својата поезија влијанијата на [[Луис де Гонгора]]. Сепак, интроспективниот надреализам во ''Sobre los ángeles'' (''„За ангелите“'', [[1929]]), чиј тон е помалку и очекуван по неколкуте мрачни моменти во неговото рано творештво, ќе направи од Алберти зрел и високо ценет поет. ''Sobre los ángeles'' се смета за најдобро дело на Алберти.