Аделаида: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Аделаида''' (англ. Adelaide) е административен центар и најнаселен град во Јужна Австра...
(нема разлика)

Преработка од 16:34, 4 август 2013

Аделаида (англ. Adelaide) е административен центар и најнаселен град во Јужна Австралија, една од австралиските држави. Според пописот од 2006 година во градот живееле 1,040,719 живетли. Со своите 1,1 милиони живетли во поширокото подрачје е петти најголем град според големина во Австралија по Сиднеј, Мелбурн, Бризбејн и Перт, но сепак поголем од главниот град Канбера.

Се наоѓа на брегот на Јужниот Океан и името го добил според германската принцеза Аделаида и сопругата на кралот Вилијам IV.

Историја

Пред доселувањето на Британците, територијата на денешниот град Аделаида била населена со абориџински племиња Каурни (се зиговара Гарнер или Гауна). До 1852 година, вкупниот број на населението Абориџини е сведено на само 650 во овој регион, а оваа бројка и понатаму продолжува да се намалува.

Јужна Австралија е официјално прогласена за нова британска покрајна на 28 декември 1836 година. Основниот план е направен тогаш многу млад англиски полковник Вилијам Лајт кого тука го довела туберкулозата поради малата влажност на воздухот. Планот е направен по војничките идеали од тоа време па денешните пространи зелени зеони и коридори всушност се планирани како воени зони и канали за одбрана. Со игра на случајност Аделаида станал главен град на Јужна Австралија наместо Порт Линколн кој во тоа време имал многу предности.