Комунистичка партија на Кина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 111:
 
Меѓутоа, по смртта на Мао во 1976 г., новиот водач [[Денг Сјаопинг]] покренал темелни економски реформи, воведувајќи „[[социјалистичка пазарна економија|социјализам со кинески карактеристики]]“.<ref>{{нмс|title=NewChina|url=http://www.enrichprofessional.com/home/|accessdate=18 април 2012}}</ref> Отфрлајќи ги „крајно левичарските“ елементи од маоизмот, Денг ги предводел реформите со тврдењето дека социјализмот не е спротивен на и нескладен со [[пазарна економија|пазарната економија]]. Системот останал еднопартиски и авторитарен, но промените во политиката донеле значаен економски раст и развој.<ref>{{наведена книга|title=ReformingChina|url=http://books.google.com/books?id=LuLYSAAACAAJ&dq=Enrich+Series+on+China%27s+Economic+Reform&hl=en&sa=X&ei=nDaPT-7aDMioiQKv8-X7Ag&ved=0CD0Q6AEwAQ|accessdate=18 април 2012}}</ref> Меѓутоа, самата идеологија се судрила со маоистите и прогресивните либерали. Овие несогласување, заедно со други општествени фактори, довеле до познатите [[Протести на плоштадот Тјенанмен од 1989 година|протести на плоштадот Тјенанмен во 1989 г]]. Денговата замисла за успешни економски остварувања и новиот социјалистички пазарен модел биле усвоени и втемелени во уставот на партијата од 1997 г. како идеологијата [[денгизам]].
 
[[Податотека:Stalin birthday2.jpg|thumb|left|210px|Свеченост на КПК по повод седумдесеттиот роденден на Сталин во (1949)]]
Раководството од „третото поколение“ на чело со [[Џанг Цемин]], [[Џу Женгџи]] и нивните колеги продолжиле да ја водат земјата според начелата на денгизмот, дополнета со повторното заживување на [[кинески национализам|кинескиот национализам]] во 1990-тите и негово неформално прифаќање како начело на партијата. Како дел од Џанговата оставнина, во 2003 г. партијата ги усвоила неговите „[[три претстави]]“ како идеолошки начела, каде се бара партијата да ги претставува (застапува) „напредните производни сили, прогресивната насока на кинеската култура и фундаменталните интереси на народот.“ Постојат различни толкувања за овие начела, меѓу кои и она со кое се дава легитимитет навлегувањето на олигарси во партијата.