Џингис-хан: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Откажано уредувањето 3088692 на уредникот Вик Ретлхед (разговор)
сНема опис на уредувањето
Ред 30:
До 1206 година, Темуџин успеал да ги обедини Меркитите, Наиманците, Монголците, Кераитите, Татарите, Ујгурците и уште неколку мали племиња. Тоа бил историски чекор во обединување на монголската нација. Во Курултај, тој бил прогласен за хан на племињата и ја превзел новата титула Џингис Хан. Титулата хаган, не ја добил се до неговата смрт кога империјата била поделена на неговуте синови и внуци.
 
Тој бил двигател на монголските инвазии кои резултирале со освојување на поголемиот дел од [[Евроазија]]. Џингис Хан ги организирал неговите луѓе, армија и неговата империја за војна со Западна Шија или Ши Шија, која била блиску до монголската земја. Во 1209 година Џингис Хан ја опколил и заробил Западна Шија. Во 1215 Џингис Хан го заробил главниот град на династијата, Јанџинг денес познат како [[Пекинг]]. Џингис Хан решил да го освои Кара-Хитан и да го порази Кучлуг, а монголската војска била преморана да војува цели десет години. по оваа победа, државата на Џингис Хан се протегала до [[Балкашко езеро]] и дошла до самата граница со [[Хварезмидска Империја|Хварезмидската Империја]], муслиманска држава што се протегала од [[Касписко Езеро|Каспиското Езеро]] до [[Персиски залив|Персискиот залив]] на запад и до [[Арапско Море|Арапското Море]] на југ. Монголската армија под водство на Џингис Хан, неговите генерали и синови ги поминале [[Тиен ШанТјеншан]] и навлегле во територијата на Хварезмидската Империја. По падот на главниот град [[Самарканд]], главниот град бил преместен во [[Бухара]] а Џингис Хан наредил на останатите чиновници да го уништат и остатокот од поранешната Хварезмидска Империја, не само кралските палати, туку цели градови и населби. После големиот пораз на Хварезмидската Империја во [[1220]], Монголската армија била поделена на два дела. Џингис Хан предводел дивизија преку [[Авганистан]] и северна [[Индија]], додека другиот контигент марширал преки [[Кавказ]]от во [[Русија]]. [[Монголци]]те ја уништиле [[Грузија]], ја разрушила тврдината во [[Кафа]] во [[Крим]] и ја поминале зимата во близина на [[Црното Море]]. Субутај испратил гласници до [[словен]]ските принцови за да се создаде мир, но гласниците биле егзекутирани. За време на битката кај реката Калка во [[1223]], војската на Субутај ја уништила [[Киев]]ската војска. Цела Централна [[Азија]] и сите племиња со кои Монголците војувале биле потчинети, освен територијата на Волшките Бугари. Во [[1226]] година, веднаш кога се вратил Џингис Хан во Монголија започнал напад над [[Тангути]]те (Западна Шија). Во ноември истата година, Џингис Хан предводел војска до градот [[Лингжоу]] и така ја повинал реката [[Хоангхо]] или ''Жолта Река'', победувајќи ја тангутската армија. Во [[1227]], армијата на Џингис Хан го нападнала и поразила главниот град на Нинг Хија, и продолжиле да напредуваат, преземајќи ги Линтијао-фу, провинцијата Шининг и провинцијата Дешуан.
 
Пред својата смрт го назначил [[Огедеј Хан]] за свој наследник и ја поделил империјата на неколку ханати на своите синови и внуци. Умрел во 1227 година, по победата над [[Тангути]]те. Бил закопан некаде во [[Монголија]] без назначен и обележан гроб и исто така локацијата на гробот не е позната. Назначените владетели на ханатите биле еден вид на вазали распространети низ поголемиот дел од [[Азија]] и [[Источна Европа]].
Ред 128:
Во раните [[1200]]- те, [[Хварезмидска Империја|Хварезмидската Империја]] била предводена од Шахот [[Ал ад Дин Мухамад]]. Џингис Хан ги видел потенцијалните предности од Хварезмија како комерцијален трговски партнер и наместо да испрати воена сила за инвазија, тој испратил караван од 500 луѓе за да основа трговска врска со империјата. Гувернерот на градот [[Отрар]], [[Иналчук]], го нападнал караванот што дошол од [[Монголија]], тврдејќи дека караванот бил заговор за Хварезмија. Ситуацијата се влошила кога гувернерот одбил да ги плати штетите од нападот и убиствата. Џингис Хан испратил втора група на амбасадори во Хварезмија за да се сретнат со самиот шах. Шахот ги избричил сите амбасадори а на еден му ја отсекол главата. Тоа било забележано како навреда од страна на [[Монголската Империја]]. Тогаш, Џингис Хан започнал да ја планира една своите најголеми инвазии и организирал околу 200 000 војници за напад на муслиманската империја.
 
Монголската армија под водство на Џингис Хан, неговите генерали и синови ги поминале [[Тиен ШанТјеншан]] и навлегле во територијата на Хварезмидската Империја. Џингис Хан внимателно ја спремал восјката која била поделена на три групи. Неговиот син [[Џочи]] ја предводел првата дивизија во североситочна Хварезмија. Втората дивизија била предводена од [[Џебе]], која заедно со првата дивизија планирале да го нападнат градот [[Самарканд]]. Третата дивизија под водство на Џингис Хан и [[Толуи]] марширале до северозапдна Хварезмија и планирале напад од тој дел на државата.
 
Армијата на шахот била поделена на различни внатрешни дивизии и според наредбата на шахот групите биле распоредени во различни градови од империјата. Оваа формација придонела до пораз на армијата, бидејќи силната но истоштена монголска војска можела полесно да ги порази противниците поделени на мали групи одошто распоредени во една единица. Монголската војска набрзо го окупирала градот [[Отрар]], потпирајќи се на воена тактика и стратегија. Џингис Хан наредил да се убие поголем број од населението на Отрар и го погубил Иналчук со истурање на топено сребро во неговите уши и очи, како казна за неговите минати постапки. Кон крајот на битката, Шахот побегнал и не се предал самиот. Џингис Хан наредил на Субутај и Џебе да го гонат шахот во придружба со околу 20 000 војници. Шахот умерл под мистериозни околности, на мал остров во неговата поранешна Хварезмидска Империја.